| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Мишел: На самитот на ЕУ не  зборувавме за признавање на палестинска држава
На крајот од самитот на ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел зборувајќи за декларацијата на Шпанија, Ирска, Малта и Словенија за можното признавање на државата Палестина посочи дека тоа се еднострани одлуки на земјите членки на ЕУ
Мишел: На самитот на ЕУ не  зборувавме за признавање на палестинска држава
Неопходно е да се започне процес во кој ќе се земат предвид чекорите на двете страни, рече Мишел / Photo: Reuters / Reuters

Според претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, декларацијата на Шпанија, Ирска, Малта и Словенија дека се подготвени да ја признаат државата Палестина кога ќе се исполнат условите, може да се користи како лост за почеток на мировните преговори.

Говорејќи пред новинарите на крајот од самитот на Европската унија во Брисел, Мишел ја оцени и декларацијата на Шпанија, Ирска, Малта и Словенија за можното признавање на државата Палестина.

Тој посочи дека тоа се еднострани одлуки на земјите членки на ЕУ.

„Според мене, неопходно е да се започне процес во кој ќе се земат предвид чекорите на двете страни“, рече Мишел.

Тој додаде дека на самитот на ЕУ не се разговарало за признавање на палестинската држава.

„Имавме детална дискусија за решението за две држави, кое има за цел меѓусебно признавање и соживот на два народа во безбедноста“, рече тој.

Мишел посочи дека декларацијата на Шпанија, Ирска, Малта и Словенија за можното признавање на државата Палестина „може да се смета за лост за преземање чекори и поддршка на напорите за обновување на мировните преговори“, рече тој.

Лидерите на Шпанија, Ирска, Малта и Словенија се состанаа на маргините на самитот и се согласија дека единствениот начин за траен мир е решение со две држави, итен прекин на огнот, безусловно ослободување на затворениците и брзо, масовно и континуирано зголемување на хуманитарната помош за Газа. Четирите земји изјавија дека се подготвени да ја признаат државата Палестина доколку се исполнат потребните услови.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран