| Macedonian
Неуралинк објави дека личноста со мозочен чип игра шах по пат на мисли
Неуралинк  ги сподели моментите како Ноланд Арбо, пациентот со вграден мозочен чип, игра шах на настанот што се пренесуваше во живо на социјалната мрежа X
Неуралинк објави дека личноста со мозочен чип игра шах по пат на мисли
Oсновна цел нa Неуралинк е со вградување на микрочиповите во мозокот да се лекуваат невролошките нарушувања како парализа и слепило / Photo: AA / AA

Американската невротехнолошка компанија „Неуралинк“ основана од Илон Маск, објави дека личноста на која ѝ вградиле мозочен чип игра шах по пат на мисли, пренесува Анадолу.

„Неуралинк“ ги сподели моментите како Ноланд Арбо, пациентот со вграден мозочен чип, игра шах на настанот што се пренесуваше во живо на социјалната мрежа X.

За време на преносот во живо, Арбо изјави дека неговите раце и стапала се парализирани по несреќата што ја преживеал пред околу 8 години и додаде дека операцијата за вградување на мозочниот чип била многу лесна.

На видеото може да се види како Арбо го движи курсорот на лаптопот и игра шах по пат на мисли.

Во објавата од 30 јануари на социјалната платформа X, Илон Маск наведе дека претходниот ден за прв пат во човек бил вграден чип произведен од „Неуралинк“.

Зборувајќи дека првиот производ на „Неуралинк“ е именуван „Телепатија“, Маск рече дека телефон, компјутер и речиси секој уред може да се контролира преку чипот по пат на мисли.

Маск истакна дека пациентот со вграден мозочен чип може да го движи глувчето на екранот преку своите мисли.

- Минатата година доби одобрение за експерименти со луѓе

„Неуралинк“ во мај 2023 година објави дека од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) добиле одобрение за проектот за мозочен чип да започне со тестирање на луѓе.

Наведено е дека чиповите кои претходно биле тестирани на мајмуни успешно ги интерпретирале сигналите во мозокот и ги пренесувале на уредите.

Компанијата „Неуралинк“ е основана од Маск и група инженери во 2016 година, а нејзина основна цел е со вградување на микрочиповите во мозокот да се лекуваат невролошките нарушувања како парализа и слепило, и подобрување на квалитетот на животот на лицата со посебни потреби.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ВИ го менува пазарот на труд - Од почетниците се бараат повисоки вештини од порано
Цената на златото порасна за 2% по најавениот мировен договор САД-Иран
Кина лансираше осум сателити со комерцијална носечка ракета
Болат: Турските компании реализира проекти од 2 милијарди во македонското градежништво
Олпак: Економските односи меѓу Туркије и Северна Македонија се меѓу најсилните партнерства
Киоксија ја надмина Тојота како највредна фирма во Јапонија поради растот на чиповите од ВИ
Спејс Екс собра рекордни 75 милијарди долари во почетната понуда на берза
Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат по речиси три години
Поврзување на регионалните стартапи со Туркије за нови можности преку програмата B2B
НИС од американските власти повторно побара исклучок од санкциите
Овој мај бил вториот најтопол мај во историјата
СпејсX ИПО: Пет клучни факти за „највредното“ пазарно деби во историјата
Опен АИ планира да излезе на берза во трка за рекордна капитализација
Вештачката интелигенција сè повеќе нè придружува како советник во нашиот секојдневен живот
Антропик предлага пауза во развојот на глобалната ВИ, предупредува дека човечката улога се стеснува
Кина одобри иновативен лек против тумори за пациенти со лимфом
Расте бројот на милионери, нивното богатство рекордно се зголемува
Трамп предложи нови царини до 12,5% за ЕУ и уште 59 земји
СпејсX цели кон рекордна вредност од 1,75 билиони долари во јавната понуда
Цените на енергијата поради воените тензии продолжуваат да ја зголемуваат инфлацијата во еврозоната