| Macedonian
СПОРТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Германците во шок откако „Елф“ го избра Најк наместо Адидас
Германскиот фудбалски сојуз предизвика голема врева во четвртокот кога објави партнерство со американскиот гигант Најк за периодот од 2027 до 2034 година, ставајќи крај на повеќе од 70 години лојалност кон баварската компанија Адидас
Германците во шок откако „Елф“ го избра Најк наместо Адидас
Непотврдени медиумски написи зборуваат за договор вреден 100 милиони евра годишно / Photo: DPA / DPA

Раскинувнување на договорот со производителот на спортска опрема Адидас како партнер на германската фудбалска репрезентација во корист на американскиот Најк во петокот ги разбранува емоциите во Германија, дури и во редовите на властите, каде што се осудува недостатокот на патриотизам.

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) предизвика голема врева во четвртокот кога објави партнерство со американскиот гигант Најк за периодот од 2027 до 2034 година, ставајќи крај на повеќе од 70 години лојалност кон баварската компанија Адидас.

Соопштението доаѓа на помалку од три месеци пред почетокот на Евро 2024 на германско тло.

Во Германија, која е во целосен економски пад и која се сомнева во сопствената атрактивност, протерувањето на Адидас дополнително ја затемнува сликата, откако уште еден симбол на германската индустрија крена прашина - производителот на автомобили Фолксваген беше отфрлен како евро-партнер во корист на кинескиот ривал БИД (BYD).

“Тешко дека можам да замислам германски дрес без трите ленти на германскиот бренд Адидас“, реагираше министерот за економија и вицеканцелар Роберт Хабек.

„Адидас и црно-црвено-жолтата боја, боите на германското знаме, отсекогаш биле неразделни за мене, како дел од германскиот идентитет. Би ценел малку повеќе локален патриотизам“.

Разочарување изрази и министерот за здравство, социјалдемократот Карл Лаутербах. Изборот на американска компанија за опремување на „Панцерите“ е грешка, рече тој на платформата X, жалејќи дека „трговијата уништува дел од татковината и традицијата“.

„Германскиот фудбал отсекогаш бил дел од германската економска историја. Репрезентацијата која играше со три ленти, беше јасно како што топката е тркалезна, а играта трае 90 минути“, изјави Маркус Содер, шефот на владата на Баварија, регионот во јужна Германија каде што е седиштето на Адидас.

Неодобрувањето е широко распространето низ целата земја и надвор од политичките кругови.

„Ова е поради пари, критикува влијателниот магазин Дер Шпигел, додека непотврдени медиумски написи зборуваат за договор вреден 100 милиони евра годишно. Популарниот весник „Билд“ беше еден од ретките во петокот што го одобри договорот, истакнувајќи ги финансиските тешкотии на ДФБ.

„Традицијата не ги плаќа сметките“, тврди весникот.

ДФБ веќе предвиде негативни реакции.

„ Ја разбираме секоја емоција. Раскинувањето со Адидас нѐ не остава ладни, но Најк ја претстави убедливо најдобрата економска понуда“, објави ДФБ на мрежата Х неколку часа по објавувањето на договорот.

Покрај договорот со Најк, ДФБ објави и договор со платформата Тик Ток на кинеската компанија БајтДенс, која ќе стане „официјален партнер за забава“ на машката репрезентација.

Најавата е шок за Адидас една недела по претставувањето на колекцијата на дресови на ЕУРО, вклучувајќи ја и онаа со розово- виолетова варијанта која предизвика бурни реакции во земјата, истакнува весникот Зидојче цајтунг.

„Неверојатно, репрезентацијата му припаѓа на Адидас, несфатливо е наместо неа да избереме американски великан“, се само дел од коментарите на неутешните и гневни навивачи на социјалните мрежи.

Шефот на Најк, Џон Донахо, во четвртокот изјави дека е длабоко почестен што неговата компанија е избрана.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД