| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган го најави супер брзиот воз Анкара - Истанбул
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, на предизборниот митинг во Истанбул им се обрати на насобраните граѓани и во таа прилика зборуваше за реализираните проекти во Истанбул, како и за идните проекти.
Ердоган го најави супер брзиот воз Анкара - Истанбул
Ердоган го најави супер брзиот воз Анкара - Истанбул / Photo: AA / AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган вчера во Истанбул го најави новиот проект на супер брзиот воз Анкара - Истанбул, кој ќе се движи со брзина од 350 километри на час, а патувањето до Анкара ќе трае околу 80 минути,

Ердоган им се обрати на насобраните граѓани на предизборниот митинг во Истанбул и во таа прилика зборуваше за реализираните проекти во Истанбул, како и за идните проекти.

Тој посочи дека во изминатите 21 година во Истанбул се реализирани јавни инвестиции во вредност од 1,65 милијарди лири.

„Во здравството изградивме 178 здравствени установи, меѓу кои и болници со капацитет од 18.417 легла. Со урбанистичкото планирање преку ТОКИ изградивме 228.000 станбени објекти и им ги предадовме на сопствениците. Должината на автопатиштата ја зголемивме од 350 на 794 километри “, соопшти Ердоган.

Ердоган зборуваше и за проектот „Големиот Истанбулски тунел“.

„Овој тунел, кој ќе поврзе 11 различни линии на железничкиот систем, ќе обезбеди сериозно олеснување на транспортот во Истанбул. Нашата цел е да ги спроведеме сите 1.100 километри железнички проекти што ги подготвивме за Истанбул“, додаде тој.

Турскиот претседател најави и значајни проекти за оваа година, меѓу кои е и проектот за супер брз воз.

„Оваа година распишуваме тендер за проектот за супер брз воз Анкара-Истанбул, кој ќе има брзина од 350 километри на час, а времетраење на патувањето ќе изнесува 80 минути“, истакна Ердоган.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ердоган: Турската Црвена полумесечина се издвојува со глобалните хуманитарни напори
Туркије најостро ќе реагира по воениот договор меѓу Франција и Администрацијата на кипарските Грци
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Ердоган: Израелските напади во Сирија и Либан ја загрозуваат Туркије
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Последниот чувар на турските чкрипливи чизми: Не сакам овој занает да исчезне
Зошто Ризе се чувствува како друг свет во Туркије
Нула отпад: Новата граматика на развојната соработка
Сердар Јилдирим преживеал полио, сега подготвува шампиони во Туркије
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Фидан: Туркије и Јужна Кореја ветуваат подлабока стратешка соработка во клучните сектори
Туркије и Јужна Кореја ја потврдија посветеноста на продлабочувањето на стратешкото партнерство
Ердоган: Туркије продолжува да ги развива врските со Африка врз основа на „рамноправно партнерство“
Од Нула отпад до ЦOП31: Како Туркије го проби својот пат кон поголемо влијание врз климата