| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Хамас: Нетанјаху им пркоси на сите меѓународни предупредувања
Нетанјаху продолжува да користи верска реторика за постигнување политички цели, што дополнително ја поттикнува разорната војна против нашиот народ во Појасот Газа, велат од Хамас
Хамас: Нетанјаху им пркоси на сите меѓународни предупредувања
Нетанјаху вчера изјави дека израелската армија ќе влезе во Рафах и ќе оствари победа / Photo: AA / AA

Хамас објави дека инсистирањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за копнен напад врз градот Рафа на јужниот дел на Појасот Газа претставува отворен пркос на сите меѓународни предупредувања.

„Нетанјаху продолжува да користи верска реторика за постигнување политички цели, што дополнително ја поттикнува разорната војна против нашиот народ во Појасот Газа“, велат од Хамас.

Во соопштението се наведува дека Нетанјаху отворено им пркоси на сите меѓународни предупредувања.

„Намерата на Нетанјаху да изврши злосторство во Рафах ги оспорува сите меѓународни позиции што предупредуваат за каква било воена операција во градот“, се додава.

Нетанјаху вчера изјави дека израелската армија ќе влезе во Рафах и ќе оствари победа.

Исто така, во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер на 15 март беше објавено дека Нетанјаху го одобрил планот за евентуална воена операција јужно од Рафах.

Најмалку 32.226 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од октомври, соопшти во неделата Министерството за здравство во опколената енклава.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 луѓе.

Според Обединетите нации, војната принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а поголем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетен или уништен.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Непријателствата и понатаму продолжуваат со ненамалено темпо, а испораките на помош се недоволни за справување со хуманитарната катастрофа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Турска болница ја изврши првата во светот осумкратна вкрстена трансплантација на црн дроб
Самитот на лидерите на Г7 започна во Франција, светските лидери дискутираат за глобални прашања
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
Израелскиот радикален десничар и министер Бен Гвир не отпатува во САД поради проблеми со визата
Иран ќе формира одбор за тргување со рубља, додека шефот на централната банка ја посетува Москва
Калас: ЕУ ја нагласува важноста Либан да биде опфатен со мировниот договор САД-Иран
Венс: Нуклеарните инспектори ќе влезат во Иран по финалниот договор
Остатоци од дрон предизвикаа пожар во руско нафтено складиште
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ