| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Фајон во БиХ: Не е толку важна ЕУ колку реформите кои значат подобар живот
Босна и Херцеговина отсекогаш била и секогаш ќе биде дел од Европа, искрено верувам дека денес тоа е стратешки момент, дека во светлината од сите геополитички тензии што ги имаме околу нас, треба да се обединиме, изјави Тања Фајон во Сараево
Фајон во БиХ: Не е толку важна ЕУ колку реформите кои значат подобар живот
Босна и Херцеговина направи исклучителна работа за 13 месеци, што е навистина голем напредок за земјата, рече Фајон / Photo: AA / AA

Министерката за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тања Фајон, во понеделник допатува во Сараево, каде што оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.

Главните теми на разговорот беа патот на Босна и Херцеговина кон Европската Унија, која Словенија силно ја поддржува и можностите за зголемување на соработката меѓу Словенија и БиХ.

Конаковиќ, изрази благодарност за поддршката на Словенија, како и нејзиниот шеф на дипломатијата на европскиот пат на Босна и Херцеговина и изрази надеж дека БиХ ќе ги исполни очекувањата на европските функционери, кои ѝ ја отворија вратата на Босна и Херцеговина.

„Динамиката и брзината со која ќе се движиме зависи исклучиво од лидерите и политичарите во Босна и Херцеговина и ги повикувам уште еднаш да ја искористат укажаната можност, да ги завршат реформите што се започнати, да оние што предолго чекаа ги доведеме до последната фаза“, рече Конаковиќ.

Тој повтори дека за БиХ нема алтернатива во економска смисла освен Европската унија.

„Не ни пречи што некој негува традиционални, историски и некои други врски со други земји, но приказната за развојот на економијата на Босна и Херцеговина, а пред се за луѓето кои престојуваат во БиХ е исклучиво поврзана со процесот на интеграција во Европската Унија.Паралелно со ова се одвиваат процеси кои се исто така многу важни, тоа е планот за раст на Западен Балкан. Една приказна во која ни се отвораат нови врати во однос на, не само оваа поддршка во износ од една милијарда евра, туку и на тоа што преку овие процеси и интеграцијата на нашите пазари во Европа добиваме можност да го поправиме делот што не ни оди, а тоа е привлекување инвестиции, особено странски, секако и домашните“, изјави Конаковиќ.

Фајон изјави дека ја радуваат европските знамиња во Сараево, позитивните приказни и возбудата кај луѓето поради, како што рече, историската одлука на Брисел да ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина.

„Босна и Херцеговина направи историски чекор и го отвори пристапот до Европската унија. Многу сум среќна и горда што Словенија во тоа одигра многу важна улога, што помогнавме во тој процес, соработувавме во процесот и дека ќе продолжиме да го правиме тоа. Отворањето преговори е тешка процедура. Не е толку важна дестинацијата, членството во Европската унија, колку самите реформи, кои значат подобрување на животот на луѓето. Босна и Херцеговина направи исклучителна работа за 13 месеци, што е навистина голем напредок за земјата“, рече Фајон.

Таа додаде дека денеска разговарала со успешни претприемачи и млади луѓе во БиХ и дека и е драго заради младите генерации што државата работи на итни реформи бидејќи, како што рече, сакаат да останат во БиХ и да работат тука. Таа додаде и дека нема да недостига финансиска поддршка за Босна и Херцеговина.

„Не е сè до парите, но реформите значат подобар живот за луѓето. Босна и Херцеговина отсекогаш била дел од Европа и секогаш ќе биде дел од Европа. Искрено верувам дека денес тоа е стратешки момент, дека во светлината од сите геополитички тензии што ги имаме околу нас, треба да се обединиме, да ја прошириме и изедначиме оваа Европа. Заедно, обединето со земјите од Западен Балкан, 2030 година носи подготвеност во ЕУ и н изгледа толку далечна“, рече Фајон и порача дека Словенија ќе продолжи да ја поддржува БиХ колку што може.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија
Кошта: ЕУ е најзаначајниот партнер на Србија, вратите на Унијата остануваат отворени
Советот на ЕУ ги одобри преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот
Мал авион се сруши во Хрватска, има неколку загинати
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
Кошта во Приштина: ЕУ го поддржува Косово, но не можеме да ја работиме вашата работа
Црна Гора депортирала цел авион што долетал од Србија
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман
Сиљановска Давкова-Пелегрини: Сите земји кандидатки треба да имаат еднаков третман на патот кон ЕУ
Парламентарен надзор и регионална соработка во фокусот на конференцијата во Загреб