| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Преговорите во ќор-сокак: Израел ги повлече преговарачите од Катар
Од Кабинетот на Нетанјаху го обвинија Хамас дека не е заинтересиран за продолжување на разговорите откако наводно го отфрлил компромисот со посредство на САД, a од Хамас велат дека сè уште се за предлогoт од пред две недели за прекин на огнот во Газа
Преговорите во ќор-сокак: Израел ги повлече преговарачите од Катар
Хамас бара прекин на смртоносната офанзива на Израел на Појасот Газа и повлекување на израелските сили од територијата за каков било договор / Photo: AA / AA

Индиректните разговори во Катар меѓу Израел и палестинската група Хамас влегоа во ќор-сокак, јавуваат израелските медиуми.

Израелскиот „Канал 12“ соопшти дека Владата го отповикала својот преговарачки тим од главниот град на Катар, Доха.

„Израел нема да потклекне на заблудните барања на Хамас“, се вели во соопштението од Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Од Кабинетот на Нетанјаху го обвинија Хамас дека „не е заинтересиран за продолжување на разговорите“ откако наводно го отфрлил компромисот со посредство на САД.

Хамас вчера соопшти дека сè уште се држи до првичниот предлог претставен пред две недели за прекин на огнот во Газа. Палестинската група рече дека одговорот на Израел на предлогот за прекин на огнот не ги исполнил палестинските барања.

Хамас бара прекин на смртоносната офанзива на Израел на Појасот Газа и повлекување на израелските сили од територијата за каков било договор за размена на заложници и затвореници со Тел Авив.

Израелска делегација двапати го посети Катар во изминатата недела за да преговара за можна размена на затвореници со Хамас и за прекин на огнот во Газа, но не е постигнат напредок.

Израел спроведе смртоносна воена офанзива на палестинската територија по прекуграничниот напад на Хамас, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе. Најмалку 32.414 Палестинци оттогаш се убиени, а 74.787 други се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

Советот за безбедност на ОН вчера донесе резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа за време на исламскиот свет месец Рамазан. Додека Хамас ја поздрави резолуцијата, Израел го отфрли повикот за прекин на огнот и вети дека ќе ја продолжи својата војна против палестинската енклава.

Според Обединетите нации, војната принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а поголем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетен или уништен.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван