| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Катар: Продолжуваат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за Газа
Продолжуваме со напорите за посредување со нашите партнери, изјави портпаролот на катарското МНР, Маџед Ал-Ансари откако Израел денеска го повлече преговарачкиот тим од Доха, обвинувајќи Хамас дека не е заинтересиран за продолжување на разговорите
Катар: Продолжуваат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за Газа
Нема одредена временска рамка за индиректните преговори, рече Ал-Ансари / Photo: Reuters / Reuters

Властите на Катар денеска соопштија дека индиректните преговори меѓу палестинското движење Хамас и Израел се уште траат на ниво на технички тимови.

„Продолжуваме со нашите напори за посредување со нашите партнери“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед Ал-Ансари на прес-конференција во Доха.

Тој додаде дека на терен има потешкотии во врска со преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Нема одредена временска рамка за индиректни преговори“, рече Ал-Ансари.

Израелската влада претходно денеска го повлече својот преговарачки тим од индиректните разговори со Хамас во Доха, обвинувајќи ја палестинската група дека не е заинтересирана за продолжување на разговорите, откако наводно го отфрлила компромисот со посредство на САД.

Хамас вчера соопшти дека сè уште се држи до првичниот предлог направен пред две недели за прекин на огнот. Палестинската група рече дека одговорот на Израел на предлогот за прекин на огнот не ги исполнува палестинските барања.

Хамас бара прекин на израелската смртоносна офанзива на Појасот Газа и повлекување на израелските сили од територијата за каков било договор за размена на заложници и заробеници.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Ердоган: Израелските напади во Сирија и Либан ја загрозуваат Туркије
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади