| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Блинкен: Терористичкиот напад во Москва потсетува дека ДАЕШ е закана
„И покрај добрата работа што ја направивме во текот на годините за справување со таа закана и значително ублажување на истата, ужасниот напад околу Москва пред само неколку дена не потсети дека ДАЕШ е сè уште потенцијално моќна сила.“, рече Блинкен
Блинкен: Терористичкиот напад во Москва потсетува дека ДАЕШ е закана
Блинкен: Терористичкиот напад во Москва потсетува дека ДАЕШ е закана / Photo: AA / AA

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека минатонеделниот терористички напад во Москва е потсетник дека ДАЕШ „останува вистинска закана.

„И покрај добрата работа што ја направивме во текот на годините за справување со таа закана и значително ублажување на истата, ужасниот напад околу Москва пред само неколку дена не потсети дека ДАЕШ е сè уште потенцијално моќна сила со која мора да продолжиме да се справуваме.“, рече Блинкен пред средбата со ирачкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Фуад Хусеин во Стејт департментот.

Тој додаде дека САД „жали за загубата на толку многу невини животи“.

„Ова е многу несреќен потсетник дека мора да продолжиме да се ангажираме со ДАЕШ и да се погрижиме да не оживее и регенерира“, додаде тој.

Најмалку 139 лица загинаа, а повеќе од 180 беа повредени на 22 март кога вооружени напаѓачи отворија оган во градското собрание Крокус во Красногорск, Московската област.

Рускиот истражен комитет објави дека уапсила 11 лица, меѓу кои и четворица сторители, во пограничниот регион Брјанск, кои биле на пат за Украина.

Окружниот суд Басмани во Москва доцна во неделата ги обвини четворицата сторители за тероризам и им одреди притвор до 22 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Пентагон: Алибаба, Баиду и други технолошки фирми ѝ „помагаат“ на кинеската војска
Растат трошоците за живот