| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Русија му даде признание на Ислам Калилов момчето херој во Коркус
Тинејџерот повремено работел во концертната сала како придружник во гардероберот и бил на должност кога се случи нападот. Момчето видело како луѓето се во паника, каде да одат и што да направат за да си ги спасат животите и презел одлучни чекори
Русија му даде признание на Ислам Калилов момчето херој во Коркус
15 годишното момче работело повремено во гардероберот на салата / Фото: AFP / AFP

Руската омбудсманка за правата на децата Марија Лавова-Белова му додели награда на Ислам Калилов, 15-годишно муслиманско момче кое спаси над 100 луѓе за време на минатонеделниот терористички напад во концертна сала Крокус во московскиот регион.

Лавова-Белова пристигна во училиштето каде што учи Ислам Калилов и во свечена атмосфера му врачи диплома „за посветеност, смелост и лична храброст“.

Тинејџерот повремено работел во концертната сала како придружник во гардероберот и бил на должност кога се случи нападот.

Момчето видело како луѓето се во паника, не можејќи да разберат каде да одат и што да направат за да си ги спасат животите и презел одлучни чекори.

Тој извикал дека е вработен, дека знае каде се излезите и го насочувал патот. Калилов сакал да се погрижи никој да не заостане иако и самиот бил во смртна опасност.

Говорејќи на церемонијата, својата постапка ја препиша на начинот на кој бил воспитан.

„Тато отсекогаш велеше дека ако можеш да помогнеш на кој било начин, секогаш помагај им на луѓето“, рече тој.

Тинејџерот исто така рече дека многу луѓе му пишувале на социјалните мрежи, заблагодарувајќи му што ги спасил животите на нивните роднини.

„Неверојатно е како децата кои требаше да се спасуваат себеси им помагаа на луѓето“, рече Лавова-Белова.

Најмалку 139 лица загинаа, а повеќе од 180 беа повредени на 22 март кога вооружени напаѓачи отворија оган во Крокус во Красногорск, Московската област.

Истражниот комитет соопшти дека привел 11 лица, вклучително и четворица сторители, во пограничниот регион Брајанск, кои биле на пат за Украина. Московскиот окружен суд во Басмани ги обвини четворицата сторители за тероризам и им одобри притвор до 22 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати