| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Иванишевиќ не е повеќе тренер на Ѓоковиќ
Српските медиуми ја објавија веста со напомена дека е шокантна и неочекувана, откако светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, информацијата ја објави на својот Инстаграм профил
Иванишевиќ не е повеќе тренер на Ѓоковиќ
Соработката на Иванишевиќ и Ѓоковиќ траеше речиси шест години, а во тој период Србинот стана најдобриот тенисер во историјата / Photo: Reuters / Reuters

Поранешниот победник на Вимблдон, хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ повеќе не е тренер на светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, објави српскиот тенисер на својот Инстаграм профил.

Соработката на Иванишевиќ и Ѓоковиќ траеше речиси шест години, а во тој период Ѓоковиќ стана најдобриот тенисер во историјата. Српските медиуми ја објавија веста со напомена дека е шокантна и неочекувана.

„Јасно се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Тоа беше во 2018 година, а јас и Маријан сакавме да иновираме и да донесеме некоја магија на послужување на нашето дуо. Всушност, не само што донесовме сервис, туку и многу смеа, забава, пласман број еден на крајот на годината, рекордни достигнувања и уште 12 Грен слемови (и неколку финалиња) оттогаш. Дали спомнав и мала драма“, напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.

„Горан и јас решивме да ја прекинеме соработката пред неколку дена. Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство беше секогаш силно. Всушност, горд сум што можам да кажам (не сум сигурен дека и тој е) дека освен што заедно победувавме турнири, имавме и споредна битка во Парчиси која траеше... многу години. И тој турнир никогаш не завршува за нас. Шефе, ти благодарам за се, пријателе. Те сакам“, заклучи Новак.

Иванишевиќ не ја коментираше информацијата, туку ја сподели објавената приказна на Инстаграм на Ѓоковиќ со два емотикони- едниот во форма на срце, а другиот за благодарност.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Пентагон: Алибаба, Баиду и други технолошки фирми ѝ „помагаат“ на кинеската војска