| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Србија: Продолжува потрагата по исчезнатото двегодишно девојче кај Бор
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на терен се полицајци, пожарникари-спасувачи, припадници на планинската спасувачка служба, припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани кои од вчера трагаат по Данка
Србија: Продолжува потрагата по исчезнатото двегодишно девојче кај Бор
Во акцијата се користат хеликоптери и дронови со термовизиски камери, а во потрагата може да се вклучат и доброволци во координација со полицијата / Photo: MUP RS

Сѐ уште трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од околината на Бор во Република Србија, кое исчезна вчера во градот Бањско Поље кај Бор.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на терен се полицајци, пожарникари-спасувачи, припадници на планинската спасувачка служба, припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани.

„Во оваа акција се користат хеликоптери и дронови со термовизиски камери, а во потрагата може да се вклучат и доброволци во координација со полицијата“, наведуваат од МВР на Србија.

Според медиумите, родителите на девојчето денеска се на распит во полицијата, а за вештачење е задржан телефонот на мајката, која била со Данка и нејзиниот една година помал брат кога девојчето го снемало во близина на шума.

Припадниците на МУП го активираа системот „Пронајди ме“ за итно јавно известување во врска со случајот со исчезнувањето на двегодишното девојче.

Системот „Амбер Алерт“, кој постои во повеќе земји, овозможува брза дистрибуција на информации до сите граѓани, кога полицијата ќе оцени дека оваа публикација би придонела за пронаоѓање на исчезнати деца. Во мај Србија го усвои таканаречениот Закон за Тијана, со кој се овозможи примена на тој систем, воспоставен во октомври минатата година.

Полицијата и волонтерите одат од зграда до зграда за да најдат некаква трага која ќе помогне во потрагата по исчезнатото девојче, а се проверуваат и напуштени згради, јави денеска Радио телевизија на Србија.

Се повикуваат сите сопственици на викендички во населбата да дојдат и да ги отворат за да може детално да се пребараат овие предмети и да се отстранат сите сомнежи.

Мештаните на Локан стравуваат дека некој можеби го киднапирал девојчето и го однел со автомобил во непознат правец, па затоа полицијата ги проверува сите возила на неколку контролни пунктови поставени во околината.

Со донесувањето на т.н Законот за Тијана, српското правосудство, меѓу другото, ја укина затворската казна од 30 до 40 години и воведе доживотен затвор за најтешките кривични дела извршени врз малолетници. Донесувањето на законот го иницираше Игор Јуриќ, чија петнаесетгодишна ќерка Тијана беше киднапирана, силувана и убиена во 2014 година.

Доживотен затвор е предвиден за тешко убиство, силување, напад врз малолетно или изнемоштено лице и бремени жени. Овој предлог на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ со петиција го поддржаа околу 160.000 граѓани.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара на Самитот на 7 и 8 јули
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка