| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Газа: Палестинско девојче се збогува со својата убиена сестра
Десетици тела се наоѓаат во болницата Акса и се чека да бидат погребани во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, со убиените се збогуваат нивните семејства, меѓу кои е и 11-годишното девојче Лејан, кое се збогува со својата сестра Сеџа
Газа: Палестинско девојче се збогува со својата убиена сестра
Драга моја сестро, Господ да ти се смилува“, рече Лејан збогувајќи се со сестра си / Photo: AA / AA

Потресни фотографии и снимки пристигнуваат со месеци од Појасот Газа, кој е под израелски напади.

Десетици тела се наоѓаат во дворот на болницата Акса и се чека да бидат погребани во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Семејствата се збогуваат со убиените членови на фамилијата. Меѓу нив е и 11-годишното девојче Лејан, кое се збогува со својата сестра Сеџа, која е убиена во еден од израелските напади.

Во дворот на болницата има траорна слика на Палестинци кои се збогуваат со своите убиени најблиски.

Лејан пријде до телото на својата сестра да ја види последен пат. Таму е и нејзиниот татко.

Таа ја бакнува главата на својата сестра со која си играше и која до неодамна беше со неа.

Илјадници деца се убиени во израелските напади врз Појасот Газа, кои траат речиси шест месеци.

„Драга моја сестро, Господ да ти се смилува“, рече Лејан збогувајќи се со сестра си.

Филип Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), на 13 март објави дека бројот на убиени деца во Газа е поголем од вкупниот број деца убиени во војните низ светот во последните четири години.

„Ова е војна што се води против децата. Војна што се води против иднината на децата“, рече Лазарини.

Во последните четири години низ светот убиени се 12.193 деца.

Меѓутоа, во Појасот Газа од октомври минатата година убиени се околу 14.300 деца.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години