| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Мартин: Ирска се приклучува на постапката против Израел пред МСП
Според ирскиот премиер нападот на 7 октомври од страна на Хамас и она што се случува во Газа претставува јасно кршење на меѓународното хуманитарно право во масовни размери
Мартин: Ирска се приклучува на постапката против Израел пред МСП
Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да се воздржи од какви било дејствија што би можеле да потпаднат под Конвенцијата за геноцид / Photo: AA / AA

Ирска се приклучува на постапката покрената од Јужноафриканската Република против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, најави синоќа ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин.

Тој рече дека за геноцидот треба да одлучи МСП, но сакаше јасно да стави до знаење дека нападот на 7 октомври од страна на Хамас и она што се случува во Газа претставува јасно кршење на меѓународното хуманитарно право во масовни размери.

Мартин во своето сведочење наведе неколку прекршувања.

„Киднапирања, планирано повлекување на хуманитарната помош, напади врз цивили и цивилна инфраструктура. Недискриминирачка употреба на експлозивно оружје во населени места. Употреба на цивилни објекти за воени цели. Колективно казнување на целото население. Ова мора да престане. Ставот на меѓународната заедница е јасен“, истакна тој.

Во јануари, Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да се воздржи од какви било дејствија што би можеле да потпаднат под Конвенцијата за геноцид и да се погрижи неговите трупи да не вршат геноцидни акти против Палестинците.

Израел и неговите сојузници ги нарекоа обвинувањата неосновани. Конечната одлука во тужбата на Јужна Африка против Израел може да потрае со години.

Мартин не кажа каква форма ќе биде интервенцијата, ниту пак прецизираше кои аргументи планира да ги искористи Ирска, но додаде дека чекорот е направен по правна и политичка анализа и консултации со неколку партнери, меѓу кои и Јужноафриканската Република.

Ирското Министерство за надворешни работи рече дека ова не зазема одредена страна во спорот, но тоа ќе биде можност за Ирска да го претстави своето толкување на една или повеќе од одредбите на Конвенцијата за геноцид за кои станува збор во овој случај.

Минатата недела Ирска им се придружи на Шпанија, Малта и Словенија во преземањето на првите чекори кон признавањето на палестинската државност.

Израел им порача на земјите дека неговиот план е „награда за тероризмот“ што ќе ја намали можноста за преговарачко решение на спорот меѓу соседите.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД