| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ифтари во Газа со донации од македонските граѓани
„На почетокот на Рамазан им понудивме можност на граѓаните да донираат и за ифтари во Газа. За 2 недели беа собрани 14.500 евра и веднаш беа испратени до нашата партнерска организација ИХХ, од Туркије, која веднаш започна со реализација на проектот.“
Ифтари во Газа со донации од македонските граѓани
Ифтари во Газа со донации од македонските граѓани / Photo: Легис

Хуманитарната невладина организација Легис од Скопје во текот на месецот Рамазан организира хуманитарна акција со која собираше донации за ифтари за населението во палестинска Газа, која е погодена од израелските напади и каде хуманитарната состојба и условите за живеење се значително отежнати.

„На почетокот на рамазански пости им понудивме можност на граѓаните да донираат и за ифтари во Газа. За 2 недели од почетокот на акцијата беа собрани 14 500 евра и веднаш беа испратени до нашата партнерска организација ИХХ, од Туркије, која веднаш започна со реализација на проектот. Благодарејќи на силното влијание на Туркије во спречувањето и ублажувањето на конфликтите и природните несреќи во светот, остварени се постојани хуманитарни коридори на секаде во светот, па и во Газа. Па така и нашата помош пристигнува до зададената дестинација и непречено се реализира заедно со помошта на најголемата турска хуманитарна организација“, истакна во изјава за ТРТ Балкан, Јасмин Реџепи, претседател на невладината Легис.

Како што информираше тој, помошта содржи висококалоричен течен топол оброк, автентичен на локалната кујна, направен од брашно, месо, јајца, зејтин и вода, кој ги задоволува потребите за еден достоинствен оброк во услови на војна.

Реџепи објаснува дека поради тешките безбедносни услови и уништената инфраструктура, храната се готви во ипровизирани кујни на отворено, за да се заштитат животите на локалните хуманитарци кои ги опслужуваат Палестинците во Газа.

Тој додава дека оброците се дистрибуираат во преостанатите центри (поранешни училишта, за сместување на внатрешно раселените лица од северниот дел на Газа, повеќето жени и деца.

„Со досегашните средства, планирано е да се поделат 3600 топли оброци, а со завршувањето на хуманитарната акција за собирање средства на една недела пред крајот на Рамазан, ќе знаеме уште колку оброци ќе бидат вкупно поделени“, вели Реџепи. Истакнува дека невладината организација Легис уште од своето основање во 2009 година е вклучен во меѓународните хуманктарни акции за Газа. „Претпоследната хуманитарна акција за дистрибуција на топли оброци во Газа беше реализирана во декември 2023.“

„Пред една година, Легис беше првата хуманитарна организација од Македонија која испрати хуманитарна помош и свои активисти до настраданите од земјотресот во Туркије, а кон крајот на минатиот Рамазан донираа илјадници топли оброци за ифтар во Хатај, Кахраманмараш и Рејханли“, потсетува Реџепи.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван