| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Милановиќ: Пленковиќ е заштитник на корупцијата во Хрватска
Под негова власт е создаден најлошиот корумпиран октопод во историјата на хрватската држава, нема министерство, државна компанија или јавна институција каде што немало кражба, фаворизирање или барем пронвера, изјави хрватскиот претседател Милановиќ
Милановиќ: Пленковиќ е заштитник на корупцијата во Хрватска
Премиерот нечесно го убедува хрватскиот народ дека живее добро, а ги осиромаши пензионерите и ги избрка младите во странство, вели Милановиќ / Photo: Reuters / Reuters

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во четвртокот го обвини премиерот Андреј Пленковиќ дека е заштитник на корупцијата во Хрватска, велејќи дека под негово владеење е создаден најлошиот корумпиран октопод во историјата на земјата.

Претседателот ова го изјави во видео порака објавена на Фејсбук, во која се осврнува на синоќешната изјава на Пленковиќ, кој рече дека не знае кој е АП.

„Но затоа сите знаеме кој е АП. Андреј Пленковиќ. Пленковиќ е заштитникот на корупцијата во Хрватска, под чија власт е создаден најлошиот корумпиран октопод во историјата на хрватската држава“, рече Милановиќ.

Тој посочи дека нема министерство, државна компанија или јавна институција каде што немало кражба, фаворизирање или барем пронвера.

За Пленковиќ рече и дека е узурпатор кој ги окупирал речиси сите независни институции во државата и дека сега по секоја цена сака да ја окупира и Државното обвинителство(ДОРХ).

„Со цел да се спречат истраги против неговите министри и најблиски соработници. И токму затоа го избра Иван Турудиќ, партиско момче за државен обвинител“, рече Милановиќ.

Тој, исто така, рече дека премиерот „неубедливо и нечесно го убедува хрватскиот народ дека живее добро и дека ги осиромашил пензионерите и ги избркал младите семејства во странство, бидејќи работа и пари имал само за членовите на ХДЗ и нивните пријатели“.

Го критикуваше и како „бриселски послушник“, посочувајќи дека никогаш не се осмелил да им се спротивстави или да им замери на бирократите од Брисел, а за тоа имало можност и потреба.

„Никогаш навистина не се грижеше за интересите на Хрватска и на хрватскиот народ, туку само за неговите лични интереси и неговата кариера и пробивот“, рече Милановиќ, додавајќи дека Пленковиќ сепак направил многу лоши и штетни работи, но оценил и дека хрватскиот народ го знае тоа и дека може да се промени на избори.

ИЗВОР:HINA
Повеќе
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Растат трошоците за живот
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија