| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израел спроведе воздушни напади во сириски Алепо, има и загинати
Сириски воен претставник ја известил САНА дека околу 01:45 часот Израел извршил воздушен напад во правец на Атрија, југоисточно од Алепо и додал дека во нападот се убиени и ранети цивили и воен персонал
Израел спроведе воздушни напади во сириски Алепо, има и загинати
Нападнати се цели на сириската војска / Фото: Reuters / Reuters

Израел по полноќ изврши воздушни напади врз аеродромот и одбранбените фабрики во сириската северозападна провинција Алепо.

На профилите на социјалните мрежи блиски до сириската Влада се вели дека израелските воени авиони извеле напади на градот Сафира.

Во објавата се наведува дека реагирале системите за противвоздушна одбрана на сириската војска.

Ниту израелската ниту сириската Влада не дадоа изјави во врска со нападот.

Според сириската државна агенција САНА, во нападот имало жртви меѓу цивилите и воениот персонал.

Сириски воен претставник ја известил САНА дека околу 01:45 часот Израел извршил воздушен напад во правец на Атрија, југоисточно од Алепо и додал дека во нападот се убиени и ранети цивили и воен персонал.

На 17 март на социјалните мрежи се изнесени слични тврдења дека израелските воени авиони гаѓале повеќе локации во регионот Каламон.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија 2011 година Израел повремено изведува напади на аеродромите во Алепо и Дамаск, како и на воените позиции на групите поддржани од Иран и од сириската војска.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Најмалку три лица повредени во украински ракетен напад врз рускиот град Воронеж
Кир Стармер поднесе оставка, Енди Бернам ќе биде нов премиер на Велика Британија
37 проценти од Американците сметаат дека Иран има поголема корист од договорот со САД
Австралиската полиција заплени 2,7 тона кокаин во „најголемата досега“ заплена на дрога во земјата
Австралија го потпиша најголемиот договор за извоз на одбрана
Ердоган: Туркије е главен актер во решавањето на регионалните кризи
Иран ги одложи преговорите со САД поради кршењето на примирјето во Либан од страна на Израел
Средба Руте-Трамп следната недела во САД
Франција го повика Израел да го почитува примирјето во Либан и ги повика САД да извршат притисок
Велика Британија ќе обезбеди 150 000 дронови и стотици ракети за поддршка на Украина
Пезешкијан: Меморандумот меѓу Иран и САД е историски документ
Нетанјаху му кажа на Трамп дека нема да биде обврзан од договорот меѓу Иран и САД
Првиот француски танкер за течен природен гас го премина Ормускиот теснец од почетокот на војната
Филипинскиот претседател Маркос го покани Путин на самитот за Источна Азија во Манила