| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
САД урна дронови на Хутите кои нападнале воен и трговски брод
„Овие дронови беа насочени кон брод на коалицијата и американски воен брод и беа пресретнати над Црвеното Море“, објави ЦЕНТКОМ на мрежата X, додавајќи дека не се пријавени повреди или штета на американските или коалициските бродови
САД урна дронови на Хутите кои нападнале воен и трговски брод
Уништени се четири дронови на Хутите / Фото архива: Reuters / Reuters

САД уништија беспилотни воздушни системи лансирани од јеменската група Хути, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ).

„Помеѓу 18:00 и 22:56 часот на 28 март, и втор ден по ред, Централната команда на Соединетите Американски Држави успешно ангажираше и уништи четири беспилотни воздушни системи лансирани од терористите Хути поддржани од Иран во Јемен.

„Овие дронови беа насочени кон брод на коалицијата и американски воен брод и беа пресретнати над Црвеното Море“, објави ЦЕНТКОМ на мрежата X, додавајќи дека не се пријавени повреди или штета на американските или коалициските бродови.

ЦЕНТКОМ соопшти дека утврдил дека оружјето претставува „непосредна закана“ за бродовите на американската морнарица и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на навигација и да се направат меѓународните води побезбедни и за американската морнарица и за трговските бродови“, се додава во објавата.

Јеменската група Хути гаѓаше товарни бродови во Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании кои транспортираат стоки до и од Израел во знак на солидарност со Појасот Газа, кој е под израелски напад од 7 октомври.

Црвеното Море е еден од најчесто користените поморски патишта во светот за испорака на нафта и гориво. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин неодамна го објави формирањето на операцијата „Заштитник“, мултинационална мисија за борба против нападите на Хутите.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран