Ердоган: Обележани сме бидејќи пружаме секаков вид помош на угнетените

Изложени сме на дискриминација поради цврстиот став против угнетувањето на невините, се соочивме со ембарго бидејќи се спротивставивме на дисторзијата на глобалниот систем велејќи дека светот е поголем од пет сили со право на вето, изјави Ердоган

By Игор Шегавиќ
Туркије доживеа голема болка зашто не се предаде на оние кои ја притискаа преку терористичките организации ПКК, ФЕТО и ДАЕШ, рече Ердоган / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на Туркије ѝ се поставувани стапица по стапица, а таа не потпаднала пред нападите на пучистите, туторите и екстензиите на империјалистите.

Ердоган се обрати на предизборниот митинг во истанбулската област Султанбејли и посочи дека Република Туркије е етикетирана бидејќи дава секаков вид поддршка на сите угнетени луѓе во светот.

„Изложени сме на дискриминација затоа што рековме „one minutе“ и покажавме цврст став против угнетувањето на невините луѓе. Се соочивме со ембарго, бидејќи се спротивставивме на дисторзијата на глобалниот систем велејќи дека светот е поголем од пет сили со право на вето“, изјави Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган рече и дека земјата доживеала голема болка затоа што не се предала на оние кои ја притискале преку терористичките организации ПКК, ФЕТО и ДАЕШ.

„Обележани сме затоа што на највисоко ниво се спротивставивме на масакрот во Газа и им пруживме секаква помош на угнетените. Сето тоа го надминавме и сè уште го правиме, прво со Божја помош, а потоа со силата што ја добивме од нашиот народ“, рече Ердоган.