| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије утре бира нов состав на локалните власти на мандат од пет години
Близу 208.000 избирачки места се подготвени за гласање, кое утре ќе трае од 7 до 16 часот во 32 региони на истокот на земјата и од 8 до 17 часот по локално време во остатокот на Туркије
Туркије утре бира нов состав на локалните власти на мандат од пет години
Гласачите во Туркије утре бираат нов состав на локалните власти на мандат од пет години / Others

Во Република Туркије утре ќе се одржат локални избори на кои нешто повеќе од 61 милион регистрирани гласачи ќе ги изберат локалните власти за петгодишен мандат.

Близу 208.000 избирачки места се подготвени за гласање, кое утре ќе трае од 7 до 16 часот во 32 региони на истокот на земјата и од 8 до 17 часот по локално време во остатокот на Туркије.

Во големите градски средини, гласачите ќе избираат градоначалници, градоначалници на општини, состави на општински совети и канцелариите на мухтари и совети на старешини, а такви избори ќе се одржат во големите градови како Адана, Анкара, Анталија, Ајдин, Баликесир, Бурса, Денизли, Дијарбакир, Ерзурум, Ескишехир, Газиантеп, Хатај, Истанбул, Измир, Кахраманмараш, Кајсери, Коџаели, Коња, Малатја, Маниса, Мардин, Мерсин, Мугла, Орду, Сакарија, Самсун, Шанлиурфа, Текирдаг, Трабзон и Ван.

Во областите кои немаат статус на голем град, гласачите ќе избираат состави на обласни собранија, градоначалници на општини, состави на општински совети и канцеларии на мухтари и совети на старешини.

На терен ќе има и 1.004 мобилни гласачки тимови кои ќе ги посетуваат гласачите кои поради болест не се во состојба да дојдат на гласање.

Отворањето на гласачките кутии и пребројувањето на гласовите ќе започне по затворањето на гласачките места, а првите резултати се очекуваат за градоначалничките места.

Врховната изборна комисија на Туркије претходно соопшти дека се е подготвено за денот на изборите, на кој ќе важи изборниот молк.

Претседателот на Врховната изборна комисија, Ахмет Јенер, соопшти дека се преземени сите мерки за изборите да се одржат во безбедна средина.

На денот на изборите, од 6 до 24 часот, ќе биде забранета продажбата на алкохолни пијалоци на кој било начин, послужување или консумирање на какви било алкохолни пијалоци во угостителските објекти и јавните места.

За време на гласањето ќе бидат затворени сите јавни места за забава како кафулиња, кафетерии и интернет кафулиња, а во рестораните ќе се служи само храна.

На денот на гласањето, радиостаниците и сите медиуми нема да можат да даваат вести, предвидувања или коментари за изборите и нивните резултати до 18 часот.

Од 18:00 до 21:00 часот на радијата и на сите други медиуми може да се објавуваат само вести и соопштенија за изборниот процес издадени од Врховната изборна комисија.

Забраната за емитување на вести од изборите завршува во 21 часот, освен ако Врховната изборна комисија не одлучи да ја укине порано.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години