| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
ВИК: Гласањето на локалните избори во Туркије заврши без проблеми
Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије Ахмет Јенер ги потсети новинарите дека право на глас имаат 61.441.882 запишани гласачи на 207.848 избирачки места и дека во изборната трка учествувале 44 политички партии
ВИК: Гласањето на локалните избори во Туркије заврши без проблеми
Јерен додаде дека ќе го разгледа прашањето за порано прекинување на забраната за објавување на резултатите, која е во сила до 21 часот по локално време / Photo: AA / AA

Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК) Ахмет Јенер изјави дека гласачкиот процес на денешните локални избори заврши без проблеми, со помали изолирани инциденти.

Низ Туркије гласачките места беа затворени и почна пребројувањето на гласовите. Гласачите денеска избраа нови свикувања на локалните власти.

Јенер ги потсети новинарите пред седиштето на ЈСК дека право на глас имаат 61.441.882 запишани гласачи на 207.848 избирачки места и дека во изборната трка учествувале 44 политички партии.

„Процесот на гласање беше завршен без никакви проблеми, освен неколку изолирани инциденти“, рече Јенер.

Тој додаде дека информациите за резултатите од преброените гласачки кутии се веќе внесени во унифицираниот систем и дека сите информации се споделуваат со политичките партии.

„Тие ќе продолжат да ги следат изборните резултати. Се надевам дека овие локални избори ќе бидат корисни за нашата земја, нашата нација и нашите политички партии“, рече Јерен и додаде дека ќе го разгледа прашањето за порано прекинување на забраната за објавување на изборните резултати, која е во сила до 21:00 часот по локално време.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Турска болница ја изврши првата во светот осумкратна вкрстена трансплантација на црн дроб
Самитот на лидерите на Г7 започна во Франција, светските лидери дискутираат за глобални прашања
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
Израелскиот радикален десничар и министер Бен Гвир не отпатува во САД поради проблеми со визата
Иран ќе формира одбор за тргување со рубља, додека шефот на централната банка ја посетува Москва
Калас: ЕУ ја нагласува важноста Либан да биде опфатен со мировниот договор САД-Иран
Венс: Нуклеарните инспектори ќе влезат во Иран по финалниот договор
Остатоци од дрон предизвикаа пожар во руско нафтено складиште
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ