| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Локалните избори ќе доведат до почеток на новата ера во Туркије
Имавме многу интензивна кампања, се надеваме дека локалните самоуправи со денешните избори ќе донесат добар резултат за нашата земја и нашиот народ, рече Ердоган.
Ердоган: Локалните избори ќе доведат до почеток на новата ера во Туркије
Ердоган и неговата сопруга пред избирачкото место беше пречекан од поголема група граѓани, а разговараа и се фотографираа со насобраните / Photo: Reuters / Reuters

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изрази уверување дека резултатите од денешните локални избори ќе бидат корисни за земјата и народот.

Ердоган придружуван од сопругата Емина Ердоган гласаше во истанбулски Ускудар, а во обраќањето пред новинарите рече дека минатата година во Туркије се одржаа претседателски и парламентарни избори и дека сега се во тек локалните избори и дека сите се уморни по кампањите.

„Имавме многу интензивна кампања. По оваа кампања, се надеваме дека локалните самоуправи со денешните избори ќе донесат добар резултат за нашата земја и нашиот народ. Овие избори во блиска иднина ќе доведат до почеток на нова ера кај нас. Од една страна, парламентарните и претседателските, а од друга страна, локалните избори нѐ водат во нов век за нашата земја“, рече Ердоган.

Турскиот претседател пред избирачкото место беше пречекан од поголема група граѓани, а Ердоган и неговата сопруга разговараа и се фотографираа со насобраните.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД