| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Милановиќ: Ако Уставниот суд ги поништи изборите, тоа ќе биде државен удар
Уставниот суд може да воведе голем хаос во Хрватска и да доведе до она што со години го прави премиерот Андреј Пленковиќ, а тоа е заглупување, изјави Милановиќ
Милановиќ: Ако Уставниот суд ги поништи изборите, тоа ќе биде државен удар
Уставниот суд наведе дека Милановиќ, доколку сака да се кандидира за функцијата, мора да поднесе оставка од функцијата шеф на државата / Photo: Reuters / Reuters

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека нема да го послуша предупредувањето на Уставниот суд дека не смее да учествува во изборниот процес и дека, како што рече, ако тој суд се осмели да ги поништи изборите, тоа ќе биде државен удар.

Милановиќ во Плитвице повтори дека опомената на Уставниот суд не се однесува на него бидејќи тоа не е одлука, пренесе Хина.

Милановиќ изјави дека Уставниот суд може да „воведе голем хаос во Хрватска и да доведе до она што со години го прави Андреј Пленковиќ, а тое заглупување“.

Милановиќ ги закажа парламентарните избори во Хрватска за 17 април, по распуштањето на хрватскиот парламент на 14 март.

Милановиќ објави дека се кандидира како независен и непартиски кандидат на листата на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП).

Парламентарните избори првично беа планирани за наесен, но владата одлучи да ги одржи пред изборите за Европскиот парламент во јуни.

Уставниот суд на Хрватска на 18 март предупреди дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ не смее да биде кандидат за пратеник како независен кандидат, ниту кандидат за премиер на која било политичка опција, ниту на кој било начин да учествува во изборната кампања.

Уставниот суд наведе дека Милановиќ, доколку сака да се кандидира за функцијата, мора да поднесе оставка од функцијата шеф на државата, по што должностите на претседателот ќе ги преземе претседателот на парламентот, а претседателските избори мора да се одржат во рок од 60 дена.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел