| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган- Раиси: Неопходно е да се спречи Израел да шири тензии во регионот
Важно да се продолжи со напорите за што поскоро спроведување на резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот во Газа, а Фатах и ​​Хамас треба да дејствуваат обединето во тој процес, рече Ердоган во разговор со иранскиот претседател
Ердоган- Раиси: Неопходно е да се спречи Израел да шири тензии во регионот
Двајцата лидери разговарале и за билатералните односи / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Според соопштението на турската канцеларија за комуникации, двајцата лидери разговарале за билатералните односи, за нападите на Израел на палестинските територии и за хуманитарната ситуација во регионот.

Ердоган за време на разговорите рече дека е важно да се продолжи со зајакнување на напорите за што поскоро спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот во Газа и дека Фатах и ​​Хамас треба да дејствуваат обединето во тој процес.

Ердоган рече дека е неопходно да се работи заедно за да се спречат напорите на Израел да шири тензии во регионот.

Голем дел од Појасот Газа е уништен откако Израел, обвинет за геноцид, ја започна војната во октомври минатата година по прекуграничен напад на Хамас. Неколку месеци израелските сили бомбардираат згради и цели населби, уништувајќи 60 отсто од инфраструктурата на палестинската енклава. Во израелските напади загинаа повеќе од 32.700 Палестинци.

Меѓународниот суд на правдата укажа на дополнителни привремени мерки, вклучително и „непречено обезбедување“ помош за Појасот Газа, во тековната постапка за геноцид против Израел на барање на Јужноафриканската Република.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука