| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Турската демократија ја покажа својата зрелост
За жал, не можевме да го постигнеме успехот што го имавме на претседателските и општите избори лани, овој 31 март не е крај, туку пресвртница, нацијата им ги пренесе пораките на политичарите, победникот на изборите е демократијата, рече Ердоган
Ердоган: Турската демократија ја покажа својата зрелост
Тој додаде дека се надева оти резултатите од изборите ќе бидат од корист за Туркије, нејзиниот народ и нејзините градови и села / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидер на Партија на правдата и развојот (АК Партија) изјави вечерва дека локалните избори на кои неговата партија загуби, меѓу друго и во Анкара и Истанбул, „не се крај, туку пресвртница“.

Ердоган ѝ се обрати на нацијата од балконот на седиштето на партијата во Анкара.

„Локалните избори на 31 март завршија на начин достоен за нашата демократија, немаше инциденти кои би фрлиле сенка на изборната атмосфера“, рече Ердоган.

Тој додаде дека волјата на нацијата се манифестира на гласачките ливчиња, а нацијата ја пренела својата порака до политичарите.

„Овој 31 март не е крај, туку пресвртница. Нашата нација им ги пренесе пораките на политичарите. Победникот на овие избори е нашата демократија и национална волја“, рече Ердоган.

„За жал, не можевме да го постигнеме успехот што го имавме на претседателските и општите избори минатата година. Се надевам дека овие резултати ќе бидат од корист за сите наши граѓани и региони“, изјави Ердоган пред насобраните призврзаници.

Тој рече дека ќе ја одмерат пораката дадена од народот на локалните избори и ќе ги преземат неопходните чекори.

„Резултатите од локалните избори ќе ги оценуваме со отворено срце во нашата партија и ќе се занимаваме со самокритика“.

„Изборниот циклус кој ја исцрпи економијата сега заврши, ќе работиме неуморно на подобрување на благосостојбата на 85 милиони луѓе“, рече Ердоган.

Претходно, главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) прогласи победа на изборите за градоначалник во Анкара и Истанбул.

Извештаите покажуваат дека ЦХП води и во големите градови, како што се Измир, Бурса, Анталија и Адана.

Според прелиминарните резултати, опозициската партија ЦХП, за прв пат во последните 35 години, води во целата земја со речиси 39 проценти од добиените гласови.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД