| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Речиси 33.000 жртви од израелските напади врз Газа
Министерството за здравство на Газа соопшти дека 75.392 лица биле повредени во смртоносната офанзива
Речиси 33.000 жртви од израелските напади врз Газа
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој минатата недела побара од Израел да стори повеќе за да го спречи гладот во Газа / Photo: AA / AA

Бројот на палестински жртви од израелските напади врз Појасот Газа достигна од седми октомври минатата година до денеска достигнаа 32.845, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Во денешното сооптение на министерството се вели дека 75.392 други биле повредени во смртоносната офанзива.

„Најмалку 63 Палестинци загинаа, а 94 други се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

Многу жртви сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив, се додава во соопштението.

Израел спроведува воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Таа, исто така, воведе блокада на приморската енклава, оставајќи го нејзиното население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.

Војната турна 85% од населението на Газа во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека голем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој минатата недела побара од Израел да стори повеќе за да го спречи гладот во Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток