| Macedonian
РЕГИОН
1 МИН ЧИТАЊЕ
Османи на министерски состанок во НАТО во Брисел
„На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата, се наведува во соопштението од МНР
Османи на министерски состанок во НАТО во Брисел
Бујар Османи / Фото: AA / AA

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува во Брисел каде ќе учествува на Министерскиот состанок на НАТО.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75-годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

„На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата, се наведува во соопштението од МНР.

Инаку актуелниот министер е и кандидат за претседател на државата со поддршка на владејачката партија ДУИ. Кампањата за претседателските избори во првиот круг кои ќе се одржат на 24 април започнува во четврток.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Франција за првпат ќе го активира планот за вонредни состојби поради екстремна топлина
Демонстранти во Словенија бараат повлекување од НАТО и воведување санкции против САД и Израел
Регионални посредници се обидуваат да ги смират тензиите меѓу САД и Иран
Медиуми: Израел ги предупредил САД за наводен ирански заговор за убиство на Трамп
Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост
Најмалку 12 загинати во пожар во Шпанија
Туркије и американските одбранбени гиганти ги здружија силите за технологија од следната генерација
Тошковски- Уркиза: Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција
Палестинскиот претседател Абас го одреди 28 ноември за палестинските парламентарни избори
Фајненшл Тајмс: Воведувањето на системот ЕИТАС за влез во ЕУ е одложено до следната година
Воена делегација од САД доаѓа во Либан за да го координира фазното израелско повлекување
Израел Кац: Не ни е потребна дозвола да останеме во Либан
Почнува уставниот рок од 30 дена за конституирање на Собранието на Косово
Кремљ: Путин и Трамп водат конструктивен дијалог и покрај нивните разлики
Украински дронови погодиле 12 руски танкери со нафта во Азовското Море