| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Захарова: Франција може да испрати 1.500 војници на фронтот во Украина
Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон одби да ја исклучи можноста за испраќање западни трупи во Украина, идеја која сојузниците ја отфрлија
Захарова: Франција може да испрати 1.500 војници на фронтот во Украина
Според Захарова подготвена е баталјонска тактичка група / Фото: AA / AA

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во средата изјави дека Франција може да испрати до 1.500 војници во Украина во април.

Говорејќи на брифингот со новинарите во Москва, Захарова рече дека командниот штаб на француската легија на странци формирал на почетокот на март баталјонска тактичка група со намера да ја испрати во Украина.

„Постојано се појавуваат нови разузнавачки информации за активната подготовка на Париз на воен контингент за испраќање во Украина. За таа цел, командата на француската легија на странци на почетокот на март одобри состав на баталјонска тактичка група од околу 1.500 луѓе. Групата се очекува да биде ставена во состојба на целосна борбена готовност за воздушен транспорт до украинскиот fфронт за операции во април“, рече таа.

Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон одби да ја исклучи можноста за испраќање западни трупи во Украина, идеја која сојузниците ја отфрлија.

Сергеј Наришкин, шеф на руската служба за надворешно разузнавање, тврди дека Франција почнала да подготвува околу 2.000 војници за распоредување, додека дел од француската војска веќе се бори во Украина.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната