| macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Амбасадата на Туркије во Скопје приреди ифтарска вечера
Амбасадата на Република Туркије во Скопје организираше ифтарска вечера
Амбасадата на Туркије во Скопје приреди ифтарска вечера
Амбасадата на Туркије во Скопје приреди ифтарска вечера / Photo: AA
6 април 2024

На ифтарската вечера во резиденцијата на амбасадата присуствуваа заменик претседателот на Владата на Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, заменик-началникот на Генералштабот на Северна Македонија, генерал-мајор Азим Нуредин, министерот за здравство Илир Демири, министерот за правда Кренар Лога, претседателот на партијата Демократската унија за интеграција (БДИ), Али Ахмети, претседателот на Турската демократска партија (ТДП) во Северна Македонија и пратеник, Бејџан Илјас, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија (ТМБХ) Ердоган Сарач, поглаварот на Исламската верска заедница во Северна Македонија, Шакир Фетаху, претседатели на партиите на Бошњанците, Ромите и на Власите во Северна Македонија, градоначалници, претставници на турски институции и организации во земјава и други гости.

Пред ифтарска вечера беа испеани духовни песни (илахи), а советникот за верски прашања во Амбасадата во Скопје, Мустафа Бодур, ја изврши ифтарската молитва.

Во своето обраќање, амбасадорот Фатих Улусој рече дека Туркије, која ја призна Северна Македонија по нејзината независност и прва отвори амбасада, е еден од најважните партнери на Северна Македонија со својата поддршка на сите полиња, како што се трговијата, одбраната, енергетиката, инфраструктура, земјоделство, туризамот, образованието, културата и здравство.

Наведувајќи дека Северна Македонија за Туркије не е само пријателска и братска земја, Улусој рече: „По членството во НАТО што силно го поддржавме, (Северна Македонија) е сојузник со кој имаме силни врски.“

Амбасадорот Улусој истакна дека преку големиот број институции, организации, невладини организации и компании, како што се ТИКА, Институтот Јунус Емре, училиштата Маариф, ТРТ, Агенција Анадолу, Меѓународниот балкански универзитет, Туркиш ерлајнс, Халкбанк, Аселсан, турското присуство во Северна Македонија им дава дополнителна вредност на земјата, на луѓето, инфраструктурата и на надградбата.

Улусој изјави дека фактот што Северна Македонија со сите свои средства и можности, од 7 до 70 година, веднаш притрча да ги залечи раните на Туркије по катастрофалниот земјотрес минатата година, е една од најзначајните манифестирања на наклонетоста на земајта кон Туркије. Посочувајќи дека „пријателот се познава во тешките денови“, Улусој продолжи со зборовите:

„Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до институциите на државата Северна Македонија, МАТТО, МАТУСИТЕБ, невладините организации, компаниите, училиштата и почитуваните граѓани за пожртвуваната помош дадена на мојата земја по овој настан, кој го опишуваме како катастрофа на векот. Нашите односи и соработка, благодарение на длабоките врски меѓу нашите земји, се зајакнати на секое поле. Би сакал да истакнам дека ќе продолжиме посветено да работиме за да ги издигнеме нашите односи и соработка, зајакнати со овие длабоки врски меѓу нашите земји на повисоко ниво на секое поле и со волјата и одлучноста на турската влада.

Туркије е подготвена да ја зголеми нашата билатерална соработка со добитен пристап за двете страни во областите каде таа е моќна - градежништво, недвижности, туризам, одбранбена индустрија, енергетски и рударски сектор и да ги издигне на повисоко ниво нашите односи на политички, економски, воен, културен и образовен план“.

Истакнувајќи дека Турците, Македонците, Албанците, Србите, Босанците, Ромите, Власите и другите заедници од Северна Македонија, се составен елемент на Балканот и на таа географија живеат заедно во мир, Улусој посочи дека оваа карактеристика претставува пример не само за Балканот, туку и за целиот свет.

Објаснувајќи дека ифтарската трпеза на која се собрани е одраз на ова братство, Улусој истакна дека е многу важно сите да ја зачуваат оваа мултикултурна текстура и социјална хармонија што го покажува богатството на Северна Македонија.

Посочувајќи дека сега не е време за поделби, распаѓање или изумирање, амбасадорот Улусој рече:

„Туркије им придава голема важност на стабилноста, единството и развојот на оваа братска земја повеќе од било што друго. Несомнено е дека државата на сите заедници во земјата им пристапува подеднакво и инклузивно. Од големо значење е тоа што таа на сите заедници, без дискриминација, им ги испорача граѓанските права загарантирани со уставот и законите, како што се образование на мајчин јазик и правичната застапеност во јавниот сектор. Искрениот и стабилен пристап во оваа насока е исклучително значаен и за сите сегменти на општеството и за самата државата“.

Амбасадорот Улусој додаде дека со почит се сеќава на северномакедонскиот поет Авни Енгјулу и доајенот на северномакедонскиот турски театар Мустафа Јашар, кои починаа неодамна.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Данецот Питер Дуе нов шеф на УНМИК
Вучиќ: Мора да продолжиме да вложуваме во армијата, работите отидоа предалеку
Италија покрена истрага за „викенд снајперистите“ кои пукаа врз Сараево во текот на опсадата
Руските сопственици подготвени да ја отстапат контролата на НИС на трета страна
Грција ќе ги обнови преговорите со Израел за купување напредни ПВО системи
Нова генерација питомци и офицери положија заклетва на Воената академија
Локални избори во Косово: Самоопределување и ЛДК освоија по седум општини, Српска листа десет
Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
Косово гласа на вториот круг од локалните избори
Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо, Франција
Нападите на нелегалните израелски доселеници достигнаа највисок месечен број жртви за 20 години
Мицкоски: Владата ќе назначи повереници во општините во кои не се избрани градоначалници
Градски воз во Скопје: Побрз, поефикасен и поеколошки транспорт
Во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа шестмина мигранти, четворица се повредени
Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
Мицкоски: Остануваме посветени на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Протест во Албанија против предлог-законот „За родова еднаквост“: Тој е „антинационален и антисемеен“
Вучиќ: Србија продолжува по својот европски пат, иако нашата позиција не е лесна