| macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Уставен суд на Хрватска: Милановиќ не може да биде мандатар или премиер
Милановиќ, за разлика од СДП, го прекршил предупредувањето на Уставниот суд од 18 март и експлицитно повторил дека е во кампања како иден премиер со што се стави во позиција на учесник на парламентарните избори, што е против Уставот, заклучи Судот
Уставен суд на Хрватска: Милановиќ не може да биде мандатар или премиер
Уставниот суд одлучи дека учеството на Милановиќ во кампањата без поднесување оставка, го доведоа во ситуација да не може да биде мандатар / Photo: AA
19 април 2024

Претседателот на Уставниот суд на Хрватска, Мирослав Шепаровиќ, во петокот изјави дека претседателот Зоран Милановиќ не може да биде кандидат за владин мандат, ниту може да биде премиер, нагласувајќи дека секое друго толкување го загрозува повеќепартискиот парламентарен демократски уставен поредок и владеењето на закон.

„Поаѓајќи од наведеното, Уставниот суд ги предупредува сите учесници на изборите одржани на 17 април дека мора да бидат свесни за овој факт при предлагањето на иден претставник за состав на владата. За ова Уставниот суд ќе донесе посебна одлука ако е потребно“, рече Шепаровиќ.

За таа одлука гласаа девет уставни судии, против беа судиите Андреј Абрамовиќ, Ловорка Кушан и Горан Селанец, а на седницата не дојде судијката Ингрид Античевиќ Мариновиќ. Тројца судии кои беа против ова, како и претходното предупредување на Уставниот суд, најавија одделни мислења кои ќе бидат објавени на веб-страницата на судот.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Уставниот суд се наведува дека од 18 март, кога СДП и Милановиќ беа предупредени дека ако сака да учествува на изборите мора да поднесе оставка, не сакаат да влијаат на волјата на гласачите со нови опомени или изјави до денот на парламентарните избори.

Потенцираат дека и со денешното предупредување, без разлика на уставно неприфатливото однесување на претседателот на Републиката, не ја доведуваат во прашање волјата на гласачите.

Уставниот суд во петокот одлучи дека изјавите и однесувањето на претседателот Милановиќ, односно учеството во кампањата без поднесување оставка, го доведоа во ситуација да не може да биде мандатар за состав на идната влада, како и премиер.

Шепаровиќ рече дека Милановиќ, за разлика од СДП, го прекршил предупредувањето на Уставниот суд од 18 март и експлицитно повторил дека е во кампања како иден премиер.

„Во текот на целата кампања Милановиќ постапуваше спротивно на Уставот“

Со ваквите изјави и постапки Милановиќ се стави во позиција на учесник на парламентарните избори, што не може да биде, според неговата уставна позиција, сѐ додека е претседател на Републиката, заклучи Уставниот суд.

Оттаму додаваат дека уставната функција на претседателот на Републиката е неспојлива со функцијата учесник на изборите за хрватскиот Сабор.

Уставниот суд посочува дека изборните процедури се секогаш најважниот тест за посветеноста на вистинската политичка демократија, која е отелотворена во Уставот. Во текот на целата изборна кампања Милановиќ постапуваше спротивно на Уставот и го доведе во прашање владеењето на правото и демократскиот повеќепартиски систем како највисоки вредности на Уставот, заклучи Уставниот суд.

„Затоа, тргнувајќи од своите уставни овластувања во процесот на следење на уставноста и законитоста на изборите, како и неговите општи надзорни овластувања како чувар на Уставот, Уставниот суд утврдува дека изјавите и однесувањето на претседателот на Републиката, и дека претходно, согласно предупредувањето од 18 март 2024 година, не поднесе оставка од функцијата Претседател на Републиката, го доведе во позиција да не може да биде ниту мандатар за состав на идната влада, ниту премиер“, се вели во одлуката на Уставниот суд.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Спортски парк отворен на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје
МНР на Црна Гора, Ибрахимовиќ: Визите за турските граѓани ќе бидат укинати за десет до 15 дена
Албанија го отвори последниот кластер од преговорите со ЕУ
Гаши ги распиша повторните избори за Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа
Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
Над 11 милиони туристи ја посетиле Албанија во 2025 година
Падна спортски авион кај Суботица, едно лице загина
Вучиќ по средбата со Макрон: Белград конечно добива метро
Секој единаесетти македонски граѓанин живее со дијабетес
Зошто не рециклираме?
Мелони: Многумина се обидуваат да го забават мигрантскиот модел со Албанија, но тој се движи напред
Хрватска испрати сочувство за загинатиот пилот на турски противпожарен авион
Турскиот министер Јумакли: Турски противпожарен авион се урна во Хрватска, загина пилотот
Бугарија верува дека принципот на консензус во надворешната политика на ЕУ мора да остане на сила
Данецот Питер Дуе нов шеф на УНМИК
Вучиќ: Мора да продолжиме да вложуваме во армијата, работите отидоа предалеку
Италија покрена истрага за „викенд снајперистите“ кои пукаа врз Сараево во текот на опсадата
Руските сопственици подготвени да ја отстапат контролата на НИС на трета страна
Грција ќе ги обнови преговорите со Израел за купување напредни ПВО системи
Нова генерација питомци и офицери положија заклетва на Воената академија