| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Македонската амбасада во Тирана ги информира туристите за итните броеви
Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин
Македонската амбасада во Тирана ги информира туристите за итните броеви
Македонските туристи се меѓу најбројните  / Photo: Reuters / Reuters

Македонската амбасада во Тирана ги информира сите македонски граѓани кои планираат туристички да ја посетат Албанија и нејзиното крајбрежје во престојната летна сезона на броевите за итни случаи.

„И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни случаи на македонската амбасада во Тирана: (Global Sos): +355 6890 19198 (+Viber+Whatsapp) амбуланта 127, полиција 129, итна служба 112“, стои во соопштението на македонската амбасада во Тирана.

Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин.

Во просек годишно, главно во летната сезона одмараат над 300 илјади македонски граѓани.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан