| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Екстремно десничарските движења во Европа имаат државна поддршка
Претседателот на Туркије смета дека ова е срамно и скандалозно за некои западни демократии. Неонацистичкиот тероризам протв Турците и муслиманите според него е сериозна закана, а исламофобијата не се третира исто како и антисемитизмот
Ердоган: Екстремно десничарските движења во Европа имаат државна поддршка
Речиси ниту еден западен лидер не одговори на оваа бруталност, не се појави храбра душа да му каже на Израел„Доста е“, рече турскиот лидер / Photo: AA / AA

Срамно и скандалозно за западните демократии е тоа што екстремно десничарските движења во некои европски земји добиваат државна поддршка, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во говорот на работилницата за градење капацитети и обука на Меѓународната демократска унија во Анкара.

„Трагедија е фактот што екстремно десничарските движења се поддржани од самата држава во некои европски земји. Денес, неонацистичкиот тероризам поттикнат од омраза против Турците и муслиманите (народот) достигна нивоа кои се закануваат по животите и имотот на нашиот народ“, додаде Ердоган.

Тој нагласи дека Туркије не може да молчи пред гнасните чинови на расистички тероризам, посочувајќи на убиството на десетици турски државјани во странство.

Жалејќи се дека на случаите на исламофобични и расистички напади не им се дава истото значење како на антисемитските дејствија, тој рече дека надлежните за човекови права гледале како 35.000 Палестинци, вклучително и 15.000 деца, ги губат своите животи.

Речиси ниту еден западен лидер не одговори на оваа бруталност, освен неколку совесни државници. Не се појави храбра душа да му каже на Израел: „Доста е“, рече турскиот лидер.

Потврдувајќи ја посветеноста на Туркије да го задржи вниманието на израелскиот геноцид врз народот на Газа и покрај притисокот од глобалното ционистичко лоби, тој истакна дека не е случајно што од неодамна има зголемување на кампањите насочени кон земјата.

„Овие кампањи имаат само една цел: да не замолчат нас и Туркије. Анкара внимателно ја следи лицемерната политика на западните лидери кои и држат лекции на земјата за демократијата и слободата. Туркије го отфрла антисемитизмот на ист начин како што се спротивставува на исламофобијата, ксенофобијата и сите форми на културен расизам “, рече Ердоган, укажувајќи на молкот на овие лидери за израелските „масакри“ во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија