| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Амстердам: Паркинг место достигна цена од речиси половина милион евра
Огласот ја шокираше Холандија, која инаку е погодена од тешка станбена криза, бидејќи бараната цена на паркинг е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра
Амстердам: Паркинг место достигна цена од речиси половина милион евра
Паркингот е лоциран во близина на националниот Ријксмузеј и музејот Ван Гог, а исто така може да се изнајми за 750 евра / Photo: Reuters / Reuters
4 мај 2024

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените експлодираа поради тешката станбена криза.

На огласите за недвижности Фунд паркингот е огласен за 495.000 евра и е најскап во земјата, пишува холандскиот медиум РТЛ.

Има површина од 18 квадратни метри и се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“.

Според агенцијата за недвижности Јил Хуле, паркингот е лоциран е на П.Ц. Хуфштрат, на дофат на националниот Ријксмузеј и музејот Ван Гог, а исто така може да се изнајми за 750 евра месечно.

Соопштението ја шокираше Холандија, која инаку е погодена од тешка станбена криза. Имено, бараната цена на паркинг е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра.

Покрај скокот на цените, РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

Местата за паркирање се „сè поретки и нивната вредност се зголемува, но секако таквиот простор не вреди половина милион евра“, пишува РТЛ.

Со ова не се согласува основачот на агенцијата за недвижности Јил Хуле, кој посочува дека населбата во која куќите се продаваат за неколку милиони евра е преполна со скапи станови и автомобили.

„Надворешен простор нема, така што паркирањето на овој простор е многу отежнато и ретко има место за паркирање“, објаснува тој.

РТЛ посочува и дека страницата Фунд, на која е објавен огласот, не контролира дали бараните цени одговараат на вредноста на она што се продава.

„Само зависи дали некој е доволно луд да ја плати таа сума“, истакнуваат тие.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири