| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Мексико за прв пат избра жена претседател
Шејнбаум, како поранешен градоначалник на Мексико Сити, најави дека ќе ја продолжи политиката на поранешниот претседател  Обрадор, популист кој ги прошири социјалните програми, но не успеа да го спречи насилството на мексиканските картели
Мексико за прв пат избра жена претседател
Изборната кампања беше одбележана со напади во кои беа убиени неколку локални кандидати / Photo: Reuters / Reuters

Клаудија Шајнбаум, која беше кандидатка на владејачката партија Морена, победи на изборите за претседател на Мексико, објави денеска Мексиканскиот национален изборен институт, врз основа на репрезентативен примерок од гласови, како што пренесува Ројтерс.

Така Мексико ќе ја има првата жена претседателка.

Шејнбаум, како поранешен градоначалник на Мексико Сити, најави дека ќе ја продолжи политиката на поранешниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, популист кој ги прошири социјалните програми, но не успеа да го спречи насилството на мексиканските картели.

Главниот ривал на Шејнбаум беше поранешниот сенатор од Националната акциона партија, Чочитла Галвез.

Истовремено, претседателката на мексиканската владејачка партија Морена, Марио Делгадо изјави дека оваа партија на вчерашните парламентарни избори освоила апсолутно мнозинство мандати во парламентот.

Морена, сепак, нема да може самостојно да гласа за уставните измени што ги најави, бидејќи за тоа е потребно двотретинско мнозинство, пренесува Ројтерс.

Главните прашања во изборната кампања беа картелското насилство и економијата, која под Обрадор одржуваше раст на БДП од 1 процент на годишно ниво.

Изборната кампања беше одбележана со напади во кои беа убиени неколку локални кандидати, а вчерашните избори беа одбележани со насилство и во градот Којомеапан во сојузната држава Пуебла, каде беше убиено едно лице.

ИЗВОР:AA, TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД