| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Блинкен разговараше за планот за прекин на огнот со израелските министри
Потврдувајќи ја „железната посветеност“ на САД за безбедноста на Израел, Блинкен истакна дека предлогот ќе ги унапреди долгорочните безбедносни интереси на Израел, вклучително и овозможување на можноста за понатамошна интеграција во регионот
Блинкен разговараше за планот за прекин на огнот со израелските министри
Блинкен му рекол на Ганц дека предлогот  создава можноста за смирување на тензиите на границата на Израел со Либан / Photo: AA / AA

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера имаше одвоени телефонски разговори со двајца израелски министри за предлогот за прекин на огнот што претседателот Џо Бајден го претстави кон крајот на минатата недела.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека Блинкен за време на телефонскиот разговор со израелскиот министер на Воениот кабинет, Бени Ганц, го пофалил Израел за предлогот и нагласил дека Хамас треба да го преземе договорот без одложување.

Блинкен му рекол на Ганц дека предлогот ќе ги унапреди долгорочните безбедносни интереси на Израел, вклучително и со создавање на можноста за смиреност по должината на границата на Израел со Либан, што ќе им овозможи на Израелците да се вратат во своите домови, додаде Милер.

Во посебно соопштение Милер рече дека во разговорот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, секретарот „ја пофалил подготвеноста на Израел да склучи договор и потврдил дека одговорноста е на Хамас да прифати“.

Потврдувајќи ја „железната посветеност“ на САД за безбедноста на Израел, Блинкен истакна дека предлогот ќе ги унапреди долгорочните безбедносни интереси на Израел, вклучително и овозможување на можноста за понатамошна интеграција во регионот, додаде тој.

Бајден во петокот рече дека Израел на палестинската група на отпорот Хамас ѝ претставил трифазен договор со кој ќе се стави крај на непријателствата во опколениот Појас Газа и ќе се обезбеди ослободување на заложниците што се држат во крајбрежната енклава.

Бајден апелираше до Хамас да го прифати договорот и го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се спротивстави на притисокот од членовите на неговата владина коалиција што се противат на планот.

Кабинетот на Нетанјаху во петокот ја повтори неговата намера да ја продолжи офанзивата на земјата во Газа додека не се постигнат сите воени цели на Тел Авив.

Хамас рече дека „ќе одговори позитивно на секој предлог што вклучува траен прекин на огнот, целосно повлекување (на израелските сили) од Појасот Газа, напори за обнова, враќање на раселените и завршување на сеопфатен договор за размена на заложници“.

Во бруталната воена офанзива на Израел во Газа загинаа повеќе од 36.000 Палестинци од 7 октомври минатата година, по прекуграничниот упад на Хамас. Според локалните здравствени власти, поголем дел од загинатите се жени и деца, а над 82.000 се повредени.

Речиси осум месеци од почетокот на израелските напади огромни делови од Газа се во урнатини, а недостигаат храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната најдоа над еден милион Палестинци.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Партијата на ерменскиот премиер Пашинјан оствари убедлива победа на изборите
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува