| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Локални избори: Победа на СНС во Белград и Нови Сад, без мнозинство во Ниш
Најмногу мандати, 64, освои листата на Српската напредна партија (СНС) заедно со коалициските партнери од „Белград утре“ за кои гласаа 52,9 отсто од гласачите
Локални избори: Победа на СНС во Белград и Нови Сад, без мнозинство во Ниш
Листата „Александар Вучиќ - Ниш утре“ освои 44,4 отсто од гласовите и 30 советници / Photo: Reuters / Reuters

Според проценките на Центарот за слободни избори и демократија ЦЕСИД/ИПСОС, врз основа на 100 отсто од обработениот примерок во Белград, најмногу мандати, 64, освои листата на владејачката Српска напредна партија (СНС) заедно со коалициските партнери од „Белград утре“ за кои гласаа 52,9 отсто од гласачите.

Следува листата „Тргни, промени“ која освои 21 мандат и 17,4 отсто од гласовите, додека на третото место е листата „Го бираме Белград“ со 12,2 отсто од гласовите и 14 мандати. На четврто место е листата „Ние сме силата на народот“ со девет мандати и 8,1 отсто од гласовите, додека Руската партија освои 1,2 отсто од гласовите и два мандата.

Според проекцијата на Цезид и ИПСОС за распределба на мандатите за советници на Градот Ниш врз 100 отсто обработен примерок, листата „Александар Вучиќ - Ниш утре“ има 44,4 % освоени гласови и 30 советници.

Според оваа проекција, Граѓанската група „Д-р Драган Милиќ“ има 16, Го бираме Ниш - Ѓорѓе Станковиќ 10, Обединети - Надеж за Ниш - Миодраг Станковиќ - Нова има три, д-р Саво Манојловиќ - И јас сум Ниш - Тргни промени два , а листата на Руската партија - Русија и Ниш во срцето! - Тихомир Периќ еден советник.

Без мандат се листите Ниш наш град - Бранислав Бане Јовановиќ - Ново, Гласот на народот е силата на народот, Обединети за селото и градот - Да бидеме начисто, За нашиот Ниш - Петар Богиќевиќ - Коалиција на силата и Бојан Аврамовиќ - Не го даваме Ниш.

Врз основа на 100 отсто обработен примерок во Нови Сад, најмногу мандати, 46, освоила листата „Нови Сад утре“, со 53,1 отсто од гласовите.

Следува листата „Обединети за слободен Нови Сад“ која освои 20 мандати, со 24 отсто од гласовите, додека на третото место е листата „Тргни, промени“ со осум мандати и 9,7 отсто од гласовите.

На четврто место е листата „Херои - Миша Бачулов“ со три мандати и 3,8 отсто од гласовите, додека листата СВМ предводена од Балинт Пастор освои еден мандат и 1,2 отсто од гласовите.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД