| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Килијан Мбапе потпиша за Реал Мадрид
Многу сум среќен и горд што се приклучувам на клубот од моите соништа, објави Мбапе откако стана дел од клубот кој има најмногу титули во европската Лига на пампиони.
Килијан Мбапе потпиша за Реал Мадрид
Мбапе се смета за еден од најдобрите играчи во светот. Тој постигна 256 гола на 308 натпревари за ПСЖ / Photo: AA / AA

Францускиот фудбалски репрезентативец, Килијан Мбапе потпиша за Реал Мадрид, потврди денеска шпанскиот клуб.

„Реал Мадрид и Килијан Мбапе постигнаа договор според кој тој ќе биде играч на Реал Мадрид во следните пет сезони“, се вели во соопштението.

Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни.

„Остварен сон, многу сум среќен и горд што се приклучувам на клубот од моите соништа Реал Мадрид. Никој не може да разбере колку сум возбуден во моментов. Едвај чекам да ве видам, Мадридисти, и благодарам за вашата неверојатна поддршка. “Хала Мадрид“, објави Мбапе на X.

Мбапе е роден во Париз. Освои шест титули во француската Лига 1 во седум сезони со ПСЖ, а беше француски шампион со Монако во 2017 година.

Тој и помогна на Франција да го освои Светското првенство во 2018 година што се одржа во Русија.

Се смета за еден од најдобрите играчи во светот, Мбапе постигна 256 гола на 308 натпревари за ПСЖ да биде најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

Мбапе долги години е еден од главните столбови на Франција. Тој ќе биде дел од француската репрезентација на ЕУРО 2024 што ќе започне во Германија на 14 јуни.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука