| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Студентите во Скопје го кренаа гласот за злосторствата на Израел во Газа
Со овој протест студентите од скопскиот УКИМ велат дека ја покажуваат нивната солидарност со палестинскиот народ и со палестинските универзитети.
Студентите во Скопје го кренаа гласот за злосторствата на Израел во Газа
Студентите во Скопје го кренаа гласот за злосторствата на Израел во Газа / Photo: AA / AA

Во Скопје денес попладне се одржа студентски протестен собир насловен „Солидарност со Палестина“. Студентите од државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потенцираа дека овој универзитет како највисока државна образовна установа и институција треба да заземе став и да ги осуди израелските напади врз Палестина, особено врз Појасот Газа.

„Како студенти на додипломски, постдипломски, алумни и работници на УКИМ од него бараме да заземе јасна позиција во однос на геноцидот кој Израел го врши во Газа по примерот на многу универзитети во форма на декларација и тоа: Јасно и јавно да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ; јасно и јавно да искаже солидарност со Палестинците; да се обврзе дека нема да склучува договори со израелски партнери додека нема траен прекин на огнот; јасно и јавно да искаже солидарност со студентското движење низ светот и да ја осуди полициската бруталност која ја трпат студентите. Заедно бараме и овојпат да застанеме на вистинската страна на историјата“, истакна Благица Димитрова која на собирот се обрати во име на студентите.

Со овој протест студентите велат дека ја покажуваат нивната солидарност со палестинскиот народ и со палестинските универзитети.

Од 7 октомври минатата година, израелските сили ги бомбардираа сите универзитети во Газа. Според податоците на Обединетите нации, над 80 отсто од образовната инфраструктура на Појасот Газа е оштетена или целосно уништена.

Само за првите шест месеци од израелските напади во Газа загинаа повеќе од 5.500 студенти и 95 универзитетски професори.

Од 7 октомври Израел покрена офанзива врз Појасот Газа, каде до сега се убиени повеќе од 36.400 лица, во најголем дел жени и деца, а повредени се повеќе од 82.000. Речиси осум месеци по почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, со недостаток на храна, чиста вода и лекови.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување