| Macedonian
Кинеската сонда собра примероци од темната страна на Месечината
По историскиот успех „Chang'e-6“ полета од Месечината и сега во орбитата ќе го чека  оптималниот момент за враќање на Земјата и ќе се обиде да слета на северот на Кина
Кинеската сонда собра примероци од темната страна на Месечината
Кина стана првата земја која успеа да собере примероци од површината на подалечната, односно темната страна на Месечината / Others

Кинеската сонда „Chang'e-6“ денеска ја напушти површината на Месечината откако собра примероци од далечната, темна страна на небесното тело, објави Кинеската Национална вселенска агенција (ЦНСА).

Сондата полета од Месечината откако ја заврши својата историска мисија, собирајќи примероци кои потенцијално ќе им дадат на научниците нови информации за формирањето на Месечината и Сончевиот систем, пренесува новинската агенција Ксинхуа.

Сондата собирала примероци од површината со роботска рака и под површината копајќи со бушилица.

„Chang'e-6“ сега ќе го чека во орбитата на Месечината оптималниот момент за враќање на Земјата и ќе се обиде да слета на северот на Кина, во автономната област Внатрешна Монголија.

Сондата полета до Месечината на 3 мај, а слета на Месечината во неделата.

Тогаш ЦНСА објави дека, поради тешката контрола на сондата поради слаб сигнал на далечната страна на Месечината, операцијата за собирање примероци ефективно ќе трае околу 14 часа, како и дека сондата ќе донесе одредени одлуки независно, без човечки инструкции.

„Chang'e-6“, шестата лунарна сонда именувана по кинеската божица на месечината, е првото вселенско летало кое ќе донесе примероци од таканаречената „темна страна“ на Месечината, која всушност не е темна, туку се нарекува така бидејќи е невозможно да се види од Земјата - движењето на сателитот околу него трае онолку долго колку што неговата ротација околу неговата оска.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ