| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Уставниот суд и по осум гласања не избра нов претседател
Ана Павловска-Данева која доаѓа од Правниот факултет во Скопје се откажа од својата кандидатура, со цел да ја одблокира процедурата, но и оваа постапка не беше доволна за останатите кандидати да ја добијат довербата од своите колеги
Уставниот суд и по осум гласања не избра нов претседател
Уставната судијка  Ана Павловска-Данева ја повлече кандидатурата / Фото: МИА

Уставниот суд на Р.С. Македонија и натаму нема претседател, откако мандатот на досегашната претседателка Добрила Кацарска истече на 2 јуни, а по одржаните внатрешни гласања не беше постигнато мнозинство за ниту еден од кандидатите меѓу уставните судии.

Досега се одржаа две седници за избор на претседател на Уставниот суд, но и по осум рунди на гласање ниту еден од кандидатите не беше избран на оваа функција.

Судиите Ана Павловска-Данева, Татјана Васиќ-Бозаџиева и Осман Кадриу досега беа предложени за кандидати за претседател на Уставниот суд.

Ана Павловска-Данева која доаѓа од Правниот факултет во Скопје се откажа од својата кандидатура, со цел да ја одблокира процедурата, но и оваа постапка не беше доволна за останатите кандидати да ја добијат довербата од своите колеги.

Во меѓувреме Уставниот суд ќе биде управуван колективно од страна на сите членови, додека пак тековната работа како што е прием на предмети по претставки на граѓани и институции ќе продолжи и натаму.

Од Уставниот суд соопштија дека судиите одлучуваат по сопствено убедување и дека според правилата постапката се повторува се додека не се избере претседател со мнозинство гласови од членовите на оваа институција.

Уставниот суд има девет члена кои имаат мандат од 9 години. Претседателот на ова тело има мандат од три години без право на повторен избор.

Уставно-правна криза е возможна доколку судиите не успеат да изберат свој претседател, и според уставните и законски начела нема механизми за надворешно решавање на оваа ситуација, па одредени правници дури сугерираат Собранието целосно да го разреши актуелниот состав и да пристапи кон избор на нови членови на Уставниот суд.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска