| Macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Од патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра
„Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава.“
Од патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра
Од патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра / Others

Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро).

„Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава“, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Износот на наплатените средства на патарините е различен и се движи од 155.827.545 денари на Романовце до 53.038.529 денари на Демир Капија.

ЈПДП минатата година ја заврши со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, за 100 проценти повеќе споредено со 2020 година кога наплатата изнесуваше 34 милиони евра. Во 2021 година по тој основ беа инаксирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра. Вкупните приходи на ЈПДП од наплата на патарина за 2024 година се проектирани на износ од 4.400.000.000 денари.

Системот на еден „таг“ има 1 864 корисници, нова регионална платформа Toll4All

Податоците на ЈПДП покажуваат дека системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија, што е оперативен од крајот на јуни лани, досега има 1864 корисници.

„Еден таг во двете држави го користат преку 1800 иматели на тагови, или поточно 1864 корисници. Во периодот откако започна функционалната операбилност, секојдневно се користи и над 21 милион денари се наплатени од користење на српски тагови во Македонија“, велат од ЈПДП.

Во однос на придобивките од проектот, како што оценуваат, позитивниот ефект се гледа и на проширувањето на нова платформа Toll4All во кој ќе бидат вклучени и државите од регионот, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција.

На тој проект активно се работи, а дополнително ќе има известување од моментот кога ќе се вклучат и другите држави.

Еден „таг“ функционира како активност од иницијативата „Отворен Балкан“. ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com.

Годинава продадени 7 501 МКартички и 5 983 МТаг уреди

Електронскиот систем за наплата на патарини во државава беше воведен во јули 2019 година. Последните податоци покажуваат дека трендот на користење на електронските уреди се движи по нагорна линија и веќе се искачи на 30 проценти, односно според ЈПДП, граѓаните почнуваат да ги сфаќаат придобивките од брзо и ефикасно поминување на наплантите станици со М-кард и М-таг. На наплатните станици на кои функционира електронската наплата, учество на електронските уреди се движи од 28 проценти до 40 проценти.

Од почетокот на оваа година, за периодот јануари-мај, продадени се 7501 МКартички и 5983 МТаг уреди. За нивно надополнување во оваа година има вкупно 194.853 поединечни операции. Факт е, оценуваат од ЈПДП, дека тенденцијата на зголемување на учеството на електронски уреди во наплатата на патарина се зголемува константно.

Од 2019 година, пак, кога е воведена електронската наплата досега продадени се 177.688 М-картички и 27.088 М-таг уреди. Сепак, 57 проценти од учесниците во сообраќајот се уште преферираат да плаќаат во готовина, а 12,23 проценти плаќаат со користење на платежни картички за наплатата.

Покрај на седумте наплатни станици на Коридор 10, од неодамна електронска наплата има и на патарините Глумово и Желино, како дел од проектот за модернизација на наплатните станици на Коридор 8.

Наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април годинава, а наплатната станица Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна, на 3 мај година. Процесот, како што истакнуваат од ЈПДП, продолжува и понатаму.

Со проектот за модернизација на Коридорот 8 се опфатени и станиците Миладиновци, Тетово и Гостивар.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%