Бројот на Палестинците убиени во Газа се зголеми на 36.550

Во последните 24 часа израелските сили убиле 71 и раниле 182 лица во седум „масакри“ на семејства низ Газа, соопшти во вторникот Министерството за здравство во опколената енклава

By Игор Шегавиќ
Во израелските напади се повредени најмалку 82.959 лица / Photo: AA / AA

Бројот на Палестинци убиени во немилосрдните израелски напади врз Газа од октомври минатата година се зголеми на 36.550, објави во вторникот Министерството за здравство во опколената енклава.

Во соопштението се додава дека во нападите се повредени најмалку 82.959 лица.

„Во последните 24 часа израелските сили убиле 71 и раниле 182 лица во седум „масакри“ на семејства“, соопшти Министерството.

Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.