| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
СЗО: Од 7 000 до 11 000 Палестинци имаат потреба од итна евакуација
Претставниците на Светската здравствена организација предупредуваат дека ситуацијата во Газа создава притисок врз здравственте системи на соседните земји.
СЗО: Од 7 000 до 11 000 Палестинци имаат потреба од итна евакуација
Повеќе од 36.500 Палестинци се убиени во Газа, главно жени и деца, а речиси 83.000 други се повредени  Фото: АА / Others

Од 7.000 до 11.000 палестински пациенти имаат потреба за итна медицинска евакуација, изјави денеска во Женева Ханан Балхи, регионална директорка на Светската здравствена организација за Источен Медитеран.

Балхи рече дека оние пациенти на кои им е потребна евакуација се бара да добијат третман во специјализирани болници.

Таа, исто така, ги посочи ефектите врз Египет, Либан и Сирија како непосредни соседи на окупираната палестинска територија.

„Ако зборувате да не оставиме никого зад себе, ние веќе оставаме значителен број зад себе од Газа, но исто така, кога има притисок врз веќе кревките здравствени системи во соседните земји. Значи, имаме многу работа пред нас. Ако немаме мир, тоа ќе биде исклучително предизвикувачка ситуација“, рече таа.

Минатата недела СЗО соопшти дека сите медицински евакуации во Газа се нагло стопирани од 7 мај.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Газа по упадот на Хамас на 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Оттогаш, повеќе од 36.500 Палестинци се убиени во Газа, главно жени и деца, а речиси 83.000 други се повредени, според локалните здравствени власти.

Речиси осум месеци од почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини и со блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД