| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Нетанјаху: Подготвени сме за силна акција на северот против Либан
Владата на Израел им дозволи на израелските одбранбени сили (ИД) да го зголемат резервниот капацитет од 300.000 на 350.000 резервисти ако е потребно заради ескалација на конфликтот со Хезболах
Нетанјаху: Подготвени сме за силна акција на северот против Либан
Кој мисли дека може да ни наштети, а ние ќе седиме со скрстени раце, прави голема грешка, рече Нетанјаху / Photo: AA / AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата ја посети границата со Либан на северот на земјата, каде рече дека Израел е подготвен да преземе силни акции во областа.

Северните погранични градови на Израел, од кои многу се евакуирани, се чести мети на ракетни и напади со дронови на либанската милитантна група Хезболах.

Ракетите предизвикаа огромни пожари оваа недела, изгореа големи области низ северен Израел.

„Кој мисли дека може да ни наштети, а ние ќе седиме со скрстени раце, прави голема грешка. Подготвени сме за многу силна акција на север. На овој или оној начин, ќе ја вратиме безбедноста на северот“, рече Нетанјаху.

Во меѓувреме, Владата на Израел им дозволи на израелските одбранбени сили (ИД) да го зголемат резервниот капацитет од 300.000 на 350.000 резервисти ако е потребно заради ескалација на конфликтото со Хезболах.

„Оваа одлука ќе важи до 1 август, според одлуката што ја објави Армиското радио“, пишува Тајмс оф Израел.

Началникот на Генералштабот на ИД Херзи Халеви вчера најави дека Израел е блиску до донесување одлука во врска со секојдневните напади на милитантната група Хезболах на северот на Израел.

Хезболах, поддржан од Техеран, разменува оган со Израел во последните осум месеци заедно со војната во Газа, предизвикувајќи загриженост дека би можел да избие поширок конфликт меѓу тешко вооружените ривали.

Непријателствата меѓу Израел и Хезболах го достигнаа најлошото ниво откако тие влегоа во војна во 2006 година, а десетици илјади луѓе од двете страни на границата беа принудени да ги напуштат своите домови.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори