| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУ го поддржува планот за прекин на огнот во Газа претставен од Бајден
Итно е потребен траен прекин на огнот за да се обезбеди заштита на цивилите, безусловно ослободување на сите заложници и да се зголеми протокот на многу потребна хуманитарна помош во Газа, со оглед на продлабочената хуманитарна криза, изјави Борел
ЕУ го поддржува планот за прекин на огнот во Газа претставен од Бајден
Mирот и стабилноста на Блискиот Исток се во интерес на двата народа, но и на глобално ниво, рече Борел / Photo: Reuters / Reuters

Европската унија целосно го поддржува планот претставен од американскиот претседател Џозеф Бајден, кој ќе доведе до траен прекин на огнот во Појасот Газа, ослободување на сите заложници и зголемување на хуманитарната помош во областа, изјави Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел.

Во изјавата објавена на веб-страницата на Европскиот совет, Борел наведе дека ЕУ ги цени „одлучните напори на САД, Египет и Катар да овозможат преговори за ставање крај на војната во Појасот Газа, истовремено обезбедувајќи ја безбедноста на Израел“.

Борел нагласи дека се загубени премногу цивилни животи.

„Итно е потребен траен прекин на огнот за да се обезбеди заштита на цивилите, безусловно ослободување на сите заложници и да се зголеми протокот на многу потребна хуманитарна помош во Газа, со оглед на продлабочената хуманитарна криза“, рече тој.

Борел рече дека мирот и стабилноста на Блискиот Исток се во интерес на двата народа, на регионот во целина, но и на глобално ниво.

„ЕУ ги охрабрува двете страни да го прифатат и имплементираат предлогот во три фази и е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес за траен и одржлив мир, заснован на решение со две држави, како и да ги поддржи координираните меѓународни напори за обнова на Газа“, нагласи Борел.

Бајден во петокот го претстави предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, според кој траен прекин на огнот ќе се постигне преку три фази.

Предлогот во првата фаза предвидува шестнеделно примирје и повлекување на израелските сили од сите населени области на Газа, ослободување на некои заложници, меѓу кои и постари и жени, во замена за ослободување на стотици палестински затвореници.

Во втората фаза, според Бајден, би имало размена на сите преостанати живи заложници, вклучително и машки војници, а потоа израелските сили би се повлекле од Газа и на тој начин би започнало трајно примирје.

Планот презентиран од Бајден беше поддржан од Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија, додека Јордан, Саудиска Арабија, Катар, Египет и Обединетите Арапски Емирати ги повикаа Израел и Хамас да го разгледаат планот „сериозно и позитивно“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување