| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Стотици илегални еврејски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса
Подоцна во текот на денот предвидено е провокативниот израелски „Марш на знамето“ да помине низ портата на Дамаск во Источен Ерусалим под заштита на повеќе од 3.000 израелски полицајци
Стотици илегални еврејски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса
Хамас го осуди планираниот „Марш на знамето“, наведувајќи дека го смета за агресија врз палестинскиот народ / Photo: AA / AA

Стотици илегални еврејски доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал-Алса денес по повод 57-годишнината од израелската окупација на Источен Ерусалим (Ал-Кудс).

Според Јорданскиот оддел за исламски вакаф во Ерусалим, 812 доселеници упаднале во џамијата Ал Акса.

Очевидци за Анадолу изјавија дека доселениците се обиделе да извршат талмудски ритуали во комплексот на џамијата.

Подоцна во текот на денот предвидено е провокативниот израелски „Марш на знамето“ да помине низ портата на Дамаск во Источен Ерусалим под заштита на повеќе од 3.000 израелски полицајци.

Хамас го осуди планираниот „Марш на знамето“, велејќи дека го смета за агресија врз палестинскиот народ и неговите свети места.

Годинашниот марш се совпаѓа со тензичната ситуација на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, покрај бруталниот напад на Израел врз Појасот Газа што трае речиси осум месеци и во кој загинаа повеќе од 36.500 Палестинци.

Во последниве години провокативниот „Марш на знамето“ предизвика судири со Палестинците, вклучително и 11-дневни борби меѓу Израел и палестинските групи во Газа во мај 2021 година.

Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година. Тој го анектираше целиот град во 1980 година во потег што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија