| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Јапонија донесе закон за запирање на падот на наталитетот
Донесувањето на законот доаѓа во време кога Владата на премиерот Кишида го гледа периодот до 2030 година како последна шанса да се смени трендот, при што доцните бракови и финансиските грижи често се наведуваат како причини за падот на наталитетот
Јапонија донесе закон за запирање на падот на наталитетот
Стапката на фертилитет во Јапонија минатата година паднала на најниската стапка од 1947 година / Photo: AA / AA

Јапонскиот Парламент денес усвои нов закон за запирање на падот на наталитетот, бидејќи минатата година земјата забележа најниска вкупна стапка на фертилитет.

Според новиот закон, Владата ќе ги зголеми детските додатоци и ќе го продолжи родителското отсуство.

Донесувањето на новиот закон доаѓа во време кога Владата на премиерот Фуми Кишида „го гледа периодот до 2030 година како последна шанса да се смени трендот, при што доцните бракови и финансиските грижи често се наведуваат како причини за падот на наталитетот“, објави новинската агенција „Кјодо њуз“.

Владината статистика откри дека вкупната стапка на фертилитет во Јапонија минатата година паднала на најниската стапка од 1947 година, од кога се водат евиденциите.

Стапката на фертилитет, која го покажува бројот на деца што една жена ги очекува, падна на 1,20.

Исто така, осма година по ред Јапонија, дом на околу 125 милиони луѓе, е сведок на континуиран пад на наталитетот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел