| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Прво појавување на словачкиот премиер Фицо по обидот за атентат врз него
Во видеото објавено на Фејсбук Фицо го нарече напаѓачот активист на опозициските партии, велејќи дека нема причина да се верува дека пукањето било дело на „осамен лудак“. Тој не чувствува омраза кон напаѓачот и рече дека е време за прошка
Прво појавување на словачкиот премиер Фицо по обидот за атентат врз него
Фицо: Постепено би можел да се вратам на работа на крајот на јуни или во јули / Photo: Reuters / Reuters

Во своето прво јавно појавување по обидот за атентат врз него на 15 мај, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека евентуално би можел да се врати на работа овој или следниот месец.

„Постепено би можел да се вратам на работа на крајот на јуни или во јули“, вели Фицо во видеото објавено на Фејсбук.

Фицо го нарече напаѓачот активист на опозициските партии, велејќи дека нема причина да се верува дека пукањето било дело на „осамен лудак“. Тој додаде дека не чувствува омраза кон напаѓачот и рече дека е време за прошка.

Фицо се опоравува во домашни услови откако беше застрелан со четири куршуми од непосредна близина кога ги поздравуваше приврзаниците за време на владиниот состанок во централниот словачки град Хандлова. По нападот тој беше во тешка состојба во болница и врз него беше извршена повеќечасовна операција.

Напаѓачот, идентификуван од обвинителството како 71-годишниот Јурај Ц. беше приведен на лице место и обвинет за обид за убиство со умисла.

Инцидентот ја истакна длабоката поларизација на политиката во централноевропската земја со 5,4 милиони жители.

Опозициските партии водеа протести против владата на Фицо, бидејќи таа ја менува политиката со запирање на воената помош за Украина и укинување на канцеларијата на специјалното обвинителство и покрај загриженоста за владеење на правото.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец