| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Реакцијата на ситуацијата во Газа е наша хуманитарна должност
Кога се залагаме за нашите палестински браќа и сестри, се залагаме за човештвото како целина, за слободата, правдата и мирот, вели турскиот претседател
Ердоган: Реакцијата на ситуацијата во Газа е наша хуманитарна должност
Ердоган: Оние кои се прават глуви, неми и слепи за геноцидот денес нема да можат да ја избришат оваа црна дамка до крајот на својот живот / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека реагирањето на ситуацијата во Појасот Газа, каде Израел од октомври минатата година уби повеќе од 36.000 луѓе е „наша хуманитарна должност“.

„Наша хуманитарна должност е кон палестинскиот народ да реагира на оваа луда ситуација, која ја става на тест нашата хуманост и нашата вера. Гледаме дека оние кои со години ни држат предавања за слободата на печатот молчат во врска со инцидентите што се случуваат на окупираната палестинска територија“, рече Ердоган во обраќањето на 8-та церемонија на доделувањето на наградите Анадолија за медиуми во Анкара.

Според Ердоган оние кои се прават глуви, неми и слепи за геноцидот денес нема да можат да ја избришат оваа црна дамка до крајот на својот живот.

Турскиот претседател ги пофали турската новинска агенција Анадолу и јавниот радиодифузен сервис ТРТ за нивното покривање на конфликтот во Газа, блокираната енклава од 2,3 милиони луѓе која е претворена во урнатини.

„Нашата агенција Анадолу и ТРТ, со нивниот храбар персонал на терен, му ги пренесе на целиот свет мрачните злосторства извршени во Газа. Кога се залагаме за нашите палестински браќа и сестри, се залагаме за човештвото како целина, за слободата, правдата и мирот “, рече Ердоган.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран