| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУ го покани Израел на разговори за билатералните односи
Шпанија и Ирска повикуваат ЕУ да ги преиспита односите со Тел Авив поради потенцијалните прекршувања на човековите права
ЕУ го покани Израел на разговори за билатералните односи
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, го кани на разговори министерот за надворешни работи на Израел / Photo: AA / AA

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел, денеска го покани израелскиот министер за надворешни работи на ад хок состанок на Советот за асоцијација ЕУ-Израел.

Поканата доаѓа откако министрите за надворешни работи на ЕУ минатата недела се согласија да свикаат состанок на кој ќе се разговара за усогласеноста на Израел со неговите обврски за човекови права од Договорот за асоцијација ЕУ-Израел.

Во февруари, шпанскиот премиер Педро Санчез ја повика ЕУ итно да го разгледа договорот за да истражи дали се почитуваат суштинските точки на односите за човековите права и демократските принципи“.

Тие предложија доколку се утврди дека Израел ја прекршил својата обврска, Советот на ЕУ да преземе соодветни активности.

Договорот за асоцијација ЕУ-Израел, кој стапи на сила во 2000 година, обезбедува правна и институционална рамка за политички дијалог и економска соработка меѓу ЕУ и Израел.

Членот 2 од договорот вели дека се заснова на почитување на човековите права и демократските принципи, дефинирани како суштински елемент на пактот.

Според Европската комисија ЕУ е најголемиот трговски партнер на Израел, со 28,8 отсто од нејзината трговија со стоки во 2022 година.

Шпанскиот дневен весник „Ел Паис“ пишува дека трговијата е еден од главните начини на кои ЕУ се надева да изврши притисок врз Израел за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што израелските сили убиле повеќе од 36.000 Палестинци од нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1 200 лица.

ЕУ го поддржува последниот договор за примирје предложен од САД.

„ЕУ ги повикува двете страни да го прифатат и исполнат предлогот од три фази и е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес за траен и одржлив мир, заснован на решението за две држави и да поддржи координирани меѓународни напори за обнова на Газа“, се вели во вчерашното соопштение.

Не е одреден датум за оваа ад-хок средба за разгледување на договорот за асоцијација.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука